Вo Европа се забележуваат знаци на забавување на ширењето на Ковид-19, но и покрај тоа ситуацијата останува сериозна, изјави денеска директорот на европската канцеларија на Свeтска здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге.
„И покрај тоа што ситуацијата и натаму е прилично алармантна, почнуваме да гледаме охрабрувачки знаци“, изјави Клуге на видео прес-конференцијата од Копенхаген.
Тој додаде дека во Италија, европска земја со најголем број на инфицирани со коронавирусот, има мало намалување на новозаразени лица, но, сепак, е рано да се каже дека пандемијата го достигнала врвот.
СЗО Европа, која е одговорна за територијата од Атлантскиот до Тихиот Океан, каде има 53 држави, веќе се регистрани 220.000 заразени луѓе од кои 11.987 починаа.
„Речиси 60 отсто од инфицираните лица и 70 отсто од починатите од Ковид-19 во светот се регистрирани во Европа“, наведе Клуге.
Тој додаде дека преземените мерки за сузбивање на ширењето на Ковид-19 придонеле за државите во Европа да добијат на време и да го намалат притисокот врз националните здравствени системи.