Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БСЖ вакцината – алатка против Ковид 19?

0
By Нова ТВ on April 3, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2020 09:37

Истражувачи од Њујоршкиот институт за технологија (NYIT) спровеле истражување во кое ги споредуваат бројките на заболени и починати од ковид-19 во различни земји низ светот, во зависност од тоа дали во тие земји населението било третирано со БСЖ вакцина против туберкулоза.

„Откривме дека земјите без општа политика за БСЖ вакцината (Италија, Холандија, САД) се посериозно погодени во споредба со земјите со општа и долгогодишна политика на БСЖ-вакцинирање“, се вели во студијата спроведена од истражувачите од Њујоршкиот институт.

Тимот, во кој според бугарски медиуми учестува и Бугарката Виолета Руменова, ги споредил податоците за употреба на БСЖ вакцината во 180 земји, со податоците за заболеност и смртност од ковид 19 во нив.

Во студијата се вели дека има значајна корелација меѓу годината на воспоставување на универзалната БСЖ вакцинација и стапката на морталитет од ковид 19. Односно, колку порано била применета вакцината, толку повеќе е заштитен поголемиот дел од возрасната популација кој ја примил вакцината. Доколку и клиничките истражувања го потврдат ова, БСЖ вакцината може да биде потенцијално оружје во борбата против коронавирусот.

Потешко погодени се земји без политика за БСЖ -вакцинирање

Шефот на истражувачкиот тим, Гонзало Отазу во разговор за бугарскиот „Вести.бг“ ја опишува утврдената врска помеѓу стапката на смртност од ковид-19 и политиките за БСЖ вакцинирање.

„Откривме дека земјите кои не воспоставиле политика за БСЖ вакцинирање се потешко погодени од ковид 19. Откривме и дека колку поодамна и подолго се користела вакцината, толку е поголемо намалувањето на смртноста, соодветно и заштитниот ефект врз повозрасната популација, која е потешко засегната од ковид-19“, вели доктор Отазу.

Според него, во повеќето земји од Источна Европа каде БСЖ вакцината била задолжителна, стапката на смртност од ковид-19 е пониска отколку во земји од Западна Европа. Запрашан дали ако сега биде воведено задолжително БСЖ вакцинирање, тоа би можело побрзо да ја израмни пандемичната крива во некои засегнати земји, Отазу вели дека тоа ќе се знае откако ќе завршат и клиничките истражувања.

„Нашите податоци се однесуваат за луѓе вакцинирани пред многу години. Сега се спроведуваат клинички истражувања во Австралија, во Германија и во Холандија, кои го тестираат тоа во моментот. Ќе почекам да ги видам резултатите од тие тестови, пред да давам какви било прогнози. Засега земјите што успешно ја задржуваат кривата, се оние кои имале задолжително БСЖ вакцинирање. Но, исто така, тие земји користеа и мерки за карантинска контрола на заболувањето, затворање на училишта, интензивно тестирање и следење на случаите. Точно ќе знаеме колку придонела БСЖ вакцината кога ќе бидат готови и резултатите од клиничките истражувања“, вели Отазу.

Бројките на статистиката

Со намалувањето на бројот на случаи на туберкулоза кон крајот на 20. век, неколку земји со среден висок и висок приход во Европа меѓу 1963 година и 2010 година ја укинаа политиката за општа БСЖ вакцинација. Во студијата се потенцира дека многу земји, меѓу кои Кина и Јапонија со БСЖ и натаму ги вакцинираат сите новородени, за разлика од Шпанија, Франција и Швајцарија кои престанале со вакцината поради сосема малиот ризик од заболување со туберкулоза, додека Италија, Холандија, Белгија и САД не ја вовеле од истите причини.

Шпанија, на пример, која ја применувала БСЖ вакцината само од 1965 година до 1981 година сега има висока смртност (29,5 на милион жители), за разлика од Данска која започнала со БСЖ вакцината од 1946 година до 1986 година, а смртноста сега е 2,3 на милион жители или десет пати пониска од Шпанија. Иран започнал со БСЖ вакцини, но дури во 1984 година, што може да значи дека секој Иранец над 36 години е лишен од заштита, а таму смртноста од ковид 19 во моментот на истражувањето била 19,7 на еден милион жители.

Спротивно на тоа, Јапонија која ја почнала примената на БСЖ вакцината во 1947 година, има за 100 пати помалку смртни случаи на милион луѓе (0,28). Бразил ја почна општа вакцинација во 1920 година и има, исто така, уште помалку смртни случаи на милион жители (0,05). Во Кина вакцината била употребувана во 50. години на минатиот век, но била запрена за време на Културната револуција (1966-1976), и во таа деценија, според научниците, бил создаден голем човечки резервар кој денес не е имунолошки отпорен кон ковид 19.

За да се утврди дали комбинацијата на намален морбидитет и морталитет ја прават БСЖ вакцината потенцијална нова алатка во борбата против ковид-19, околу 4.000 вработени во австралиските болници ќе учествуваат во истражувањето кое ќе почне деновиве, а резултатите се очекуваат за околу шест месеци. Од Институтот за истражување „Мардок“ (МЦРИ) во Мелбурн, најавија дека ефектите од старата БСЖ вакцина ќе се проучуваат за нова намена.

БСЖ Вакцина Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.