Според податоците на интернет страницата Worldmeters, над 1,2 милиони луѓе во светот се заразени со вирусот ковид-19. Епидемијата е раширена во 206 земји и територии и досега однесе 64.747 човечки животи, а евидентирани се 246.760 излекувани лица.
Како активни во моментот се водат 891.636 случаи од кои 95 проценти или 847.541 имаат умерена клиничка слика, а пет проценти или 44.095 се наоѓаат во сериозна состојба.
Најголем дел од заразените се регистрирани во САД – 311.637 потврдени случаи и 8.454 починати. Италија, пак, е земја со најмногу жртви – 14.362 починати лица.