Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попладнево во Скопје ќе слета чартер од Лондон со македонски државјани

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 6, 2020 10:04

Со авионски превоз Лондон-Скопје, организиран од Владата, денеска попладне во земјaва треба да се врати нова група наши државјани кои се затекнати во Велика Британија. Бројот на граѓани кои се пријавиле на повикот на МНР ќе биде соопштен непосредно пред полетувањето. Тие, при влез во авионот, ќе треба да потпишат договор меѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет и ќе пополнат Изјава дека се согласни да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Според податоците на Министерството за надворешни работи, досега во земјава се вратени вкупно 2.207 македонски државјани. Со досега реализираните чартер летови од Ла Валета, од Загреб, од Љубљана, од Виена, од Базел, од Минхен, како и по два лета од Берлин и од Келн/Бон, во земјата се вратиле 1.445 наши државјани. Преку три хуманитарни конвои со автобуси и автомобили од Црна Гора, Турција и Словенија обезбедено е враќање на 150 наши државјани. Со посредство на Австрија и Португалија во земјава се вратени и 11 македонски државјани од Перу.

Во соработка со странски претставништва кај нас, МНР репатрира и над 600 странски државјани меѓу кои на Австрија, Австралија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Косово.

Инаку, според МВР, во 25 објекти определени за државен карантин сместени се вкупно 2.099 лица. Досега успешно е завршен државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминале 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија. Кај ниту еден од нив нема симптоми на вирусот ковид-19, а ќе минат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите, соопшти викендот владината прес-служба.

Карантин Коронавирус Лондон Македонци Скопје Чартер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.