Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борба за најдобра корона-апликација

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ВЕСТИ
Фото: cnet.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 6, 2020 11:01

Матијас Рајдел е вработен во индустријата за софтвер. Од пред десетина дена тој работи и волонтерски. Често до доцна во ноќта, заедно со свој поранешен колега, работи на апликација за мобилен телефон која би требало да помогне во собирање повеќе информации за ширењето на коронавирусот.

„Имаше ноќи во кои непрекинато работевме и во шест часот утрото велевме „одиме да спиеме“, но тогаш наскоро почнуваше нашата нормална работа“, раскажува Рајдел.

Една верзија на ковид-19 радар е веќе онлајн. Користејќи ја оваа апликација, лицата кои се инфицирани со коронавирус можат доброволно да го обележат своето место на престој. Апликацијата тогаш во реално време покажува во кој град, во кој кварт и дури во која улица има посебно голем број случаи на заразени луѓе.

„Ние претпоставуваме дека во Германија постојат региони во кои постои помал ризик од опасност“, вели Рајдел.

Таму апликацијата треба да им помогне на одговорните за носење одлуки кога станува збор за тоа јавниот живот и економијата да почнат полека повторно да заживуваат. Одредувањето на локацијата, вели Рајдел, не се однесува на поединци.

„И во кризни времиња сме обврзани на нештата остварени во демократија, не смееме толку лесно да ги фрлиме низ прозорец“, вели Рајдел.

Заштитата на податоците секогаш во вид

Програмерите водат сметка за строга заштита на податоците во Германија. Зашто, ширум светот во меѓувреме постојат повеќе апликации кои во борбата против коронавирусот, сигурноста на податоците на поединецот ја потчинуваат на заштитата на општеството. Во Јужна Кореја владата собираше информации преку надзорните камери, лоцирање на мобилните телефони и кредитните картички за да го следи синџирот на зараза – слична е ситуацијата и во Кина. Во Израел, како што пишува „Економист“, тајната служба за внатрешна безбедност се приклучила на мобилните телефони на инфицираните лица за да го контролира нивното движење.

И во Германија во моментот се води дебата околу смислата и целта, границите и опасностите на корона-трагачите. Како консензус во меѓувреме важи следното: корона-апликацијата не смее да биде присилно инсталирана и податоците мора да останат анонимни. Тоа се однесува и на неговата програма за смартфон, вели Матијас Рајдел. Поради заштита на податоците и тој, како што истакнува, е во постојан контакт со надлежните служби.

Европската иницијатива како фаворит

Моментно како апликација со најголеми шанси да стане официјална се смета еден европски заеднички проект, кој би требало да функционира врз основа на блутут технологија. На овој проект во меѓувреме се ангажирани околу 130 експерти, а тој го носи името ПЕПП-ТП (Pan European Privacy-Protecting Proximity Tracing). Од германска страна во проектот е ангажиран Институтот „Хајнрих-Херц“.

„Ние, Европејците, мораме да најдеме наш одговор како решение на оваа криза. Сега решението е веќе на маса“, вели директорот на овој институт, Томас Виганд.

Таа апликација овозможува меѓу другото, во случај ако некој со кого сте биле во контакт се зарази, таа информација да биде проследена до сите други кои се или биле во контакт со него, без наведување на името на заразениот или местото на средба со него. Сите кои се информирани потоа можат да решат дали ќе се тестираат или доброволно ќе заминат во карантин.

Се чека на одобрение од политиката

Слично функционира и успешната апликација од Сингапур, „Trace-Together”. Но, во европскиот проект свесно се дистанцираат од неа, мобилните телефони во европскиот модел, за разлика од апликацијата „Trace Together” – не се поврзуваат, го објаснува Вигенд принципот на европската апликација. Во Сингапур освен тоа мора да се даде бројот на телефонот.

Со користење на апликацијата во Германија би можело да се почне веќе по Велигден. Слично се размислува и во Австрија. „Ако политиката го сака тоа“, нагласува Вигенд претпазливо. Зашто, дискусијата не е завршена.

Додека канцеларката Ангела Меркел препорачува ваква апликација, министерката за правда Кристине Ламбрехт е претпазлива: мора да се согледа секој детал на готовата апликација. Како што е познато, ѓаволот лежи во деталите. Вигенд вели дека се надева оти водечкиот германски институт во борбата против епидемијата, Институтот „Роберт Кох“ ќе воведе ПЕПП-ПТ систем во рамките на својата сопствена апликација на германскиот пазар.

Освен Рајдел и Вигенд и бројни други експерти работат на развој на корона-апликација. Рајдел меѓутоа истакнува дека нема голема смисла ако наеднаш се појават четири или пет апликации кои служат за иста цел.

Германија Европа Коронавирус Мобилна апликација Радар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.