Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи го пречека Сијарто: Унгарија испрати 100.000 маски и 5.000 скафандери

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 6, 2020 11:26

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, претладнево на скопскиот аеродром го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сијарто кој во рамки на посета донесе заштитна опрема за борба против ковид-19, како помош за нашата земја. Унгарскиот гостин допатува во Македонија со специјален воен карго авион директно од Будимпешта со пакет помош од 100.000 заштитни маски и 5.000 заштитни скафандери.

„Северна Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Унгарија“, изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, по пречекот, во просториите на аеродромот, Османи оствари и билатарална работна средба, на која беа разменети информации и за натамошните чекори во однос на европската агенда на земјава по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, процесот на формирањето на преговарачката рамка, како и подготовката на земјата за самиот почеток на преговорите.

„Дозволете да се заблагодарам за цврстата и гласна поддршка за нашите европски интеграции, вклучувајќи ја тука и навистина успешната мисија на еврокомесарот за проширување Вархеји, кому најмногу може да му се препише заслугата, за експресното усогласување на новата методологија, и секако, исправањето на грешката од ноември минатата година преку одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со земјава“, истакна Османи, посочувајќи дека Македонија, и покрај предизвикот за справувањето со ковид-19, соодветно ќе се подготви и адаптира за почеток на преговорите.

Бујар Османи Македонија маски Петер Сијарто помош Скафандери Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.