Британската Амбасада во земјава денеска донираше опрема за Армијата како поддршка за нејзините припадници во справување со ситуацијата со коронавирусот.
„Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници, објави Министерството за одбрана на Фејсбук.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Речјел Галовеј претходно разговараа преку конференциска врска за најновите информации во врска со коронавирусот во земјава, како и за идната соработка во одбраната.
„Денеска одржавме виртуелен состанок со министерката за одбрана Шекеринска. Разговараме за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија и за идната соработка во одбраната. Задоволство ми беше да слушнам за напорите на Армијата кои работат со клучните институции во борбата против Ковид 19“, напиша британската амбасадорка на Твитер.