Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состанок на Советот за безбедност: Пендаровски ја продолжува вонредната состојба

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 16, 2020 09:44

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на ковид-19. Првата одлука за воведување на вонредна состојба за територијата на целата држава во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март, во момент во кој имаше 41 заболено лице. Заклучно со вчерашниот ден, во земјава има вкупно 974 дијагностицирани случаи, излекувани се 98, а починаа 45 лица.

Владата, на 41. седница одржана на 14 април, донесе одлука да достави предлог до претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба. Заедно со предлогот е проследен и извештај за досега преземените активности од државните институции, во кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е неопходно вонредната состојба да остане на сила.

Претседателот Пендаровски, пред неколку дена најави дека шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, бидејќи внатрешната состојба не ескалира, но истовремено не е значително редуцирана, па ситуацијата сè уште наложува ваков тип на ангажман од сите надлежни институции и ваков тип на состојба.

На денешната седница, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Според последните податоци од Министерството за здрваство, на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби хоспитализирани се вкупно 57 од кои 14 на кислородна поддршка и шест на механичка вентилација.

Во болницата „8 Септември“ се хопситализирани вкупно 34 лица. На респираторна машина се шест пациенти, а осум пациенти имаат потешка клиничка слика. Во Битолската болница се хоспитализрани шест пациенти, сите во подобрена состојба. Во болницата во Штип се лекуваат вкупно осум пациенти, сите се стабилни, а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Првиот случај на зазарен со корона вирус во нашата земја беше регистриран на 26 февруари годинава, а полициски час за првпат на целата територија на државата беше воведен на 22 март.

Влада Вонредна состоба Коронавирус претседател Совет на безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.