Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Ништо нема да биде исто, мерките ги донесовме за заштита на здравјето

0
By Нова ТВ on April 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 18, 2020 14:35

Ништо нема да биде исто. Мерките што ги донесовме беа во насока за заштита на здравјето на граѓаните. Оваа ситуација нè затекна во посебна состојба на техничка влада и распуштено Собрание. Но, институциите се поставија на високо рамниште и презедоа активности што дадоа резултат. Ширењето на вирусот е линеарно и здравствениот систем е сè уште во кондиција да одговори на сегашната експанзија на вирусот“, рече премиерот на Владата, Оливер Спасовски на денешната онлајн прес-конференција на која се прави ретроспектива на состојбата во Македонија во присуство на ковид-19.

Факт е, вели Спасовски, дека „моравме да донесеме одлука да затворање на градинки, училишта, универзитети, а многу од компаниите што работат во поголема комуникација со граѓани, исто така мораа да прекинат со работа“.

„Подготвивме два сета на мерки. Првиот сет беше наменет за оние сектори кои беа погодени во воведниот налет на вирусот како транспортот, туризмот, занаетчиите, главно мали и средни претпријатија. Развојната банка на Северна Македонија веќе ги одобри договорите за бескаматните кредити што беа одобрени од Владата Условите ги исполнија 136 компании со 1.737 вработени и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 милиони евра. Од овие 136 компании-апликанти, 96 отсто се компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија ковид-19 примарно ќе стигнат до микро и малите компании. Вториот сет е договори од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд со цел намалување на последиците од коронавирусот ковид-19 го одобривме на седницата на Владата пред четири дена“, истакна техничкиот премиер.

На уште 118 компании со 1.116 вработени, посочи тој, е одобрено користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра.

„Во првата и во втората група се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра за компании со вкупно 2,853 вработени. По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69 отсто, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28 отсто, а средните компании до 250 учествуваат со 4 отсто“, истакна Спасовски.

По 14.500 денари за секој вработен во фирмите погодени од корона-кризата

„Главната мерка од вториот економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари за секој вработен од сите фирми погодени од кризата за месеците април и мај. За оваа мерка донесовме Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за исплата на платите за месеците април и мај со што и практично стапуваат во сила сите одредби за сеопфатна директна финансиска поддршка на работодавачите“, потенцира Спасовски.
Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за овие мерки, додаде премиерот. Со нив, како што подвлече ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании. Сумата што ќе ја добие секој работник, за двата месеца (април и мај) изнесува 29.000 денари што е речиси 500 евра, односно по 14.500 денари месечно.
„Мерката 14.500 денари по вработен е финансиска поддршка што за фирмите кои се афектирани од кризата предизвикана од коронавирусот претставува ликвидносна инјекција и помош за исплата на плати. Компаниите може да ја искористат мерката за да ги задржат тековните плати на вработените кои одат на работа, за да ги подмират целосните или најголемиот дел од трошоците за исплата на плати на работниците кои, поради кризата, не се на работа. Истовремено. може да користат и комбинација од мерката за поддршка за исплата на минимална плата и мерката за субвенција на придонеси за поголема плата. За таа цел ја донесовме Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на водредна состојба“, изјави Спасовски.
Грижа и за лицата во неформалната економија
Премиерот потсети дека „мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари важи и за самостојни вршители на дејност“.
„Тука спаѓаат голем број од занаетчии, козметичари, фризери и така натаму и за нив е отворена мерката за поддршка со мали модификации, бидејќи е различна формата на регистрирање за социјалните категории граѓани и за семејствата во ризик. Околу 30.000 постоечки корисници во системот на социјална заштита ќе добијат износ од 1.000 денари плус за април и за мај. Предвидена е поддршка и за лицата во неформалната економија. Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија“, потенцира Спасовски.
Коронавирус мерки Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.