НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Селективно читање на твитовите на амбасадорот Жбогар

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: nezavisen.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем број подбивни коментари, меѓу кои и од лидери на опозициски партии, стигнаа по твитот на евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој на 22 април објави дека Северна Македонија ќе добие помош за справување со коронавирусот и преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

„Северна Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што вклучува пет генератори, 25 семејни шатори, 200 душеци и 1.000 ќебиња. Австрија, меѓу другите, испраќа и ракавици и средства за дезинфекција“, напиша амбасадорот.

По оваа најава, во евроскептични кругови веднаш во оптек беше пуштен слоганот „Ќебе за тебе“ како иронично потсетување на кампањата „ЕУ за тебе“. Некои од медиумите отидоа и чекор понатаму – со прашање дали ќебињата и шаторите ќе бидат наменети за мигранти.

Да биде иронијата поголема, истите тие медиуми „заборавија“ на еден друг твит на амбасадорот, објавен еден месец претходно, на 25 март годинава. Тогаш амбасадорот Жбогар објави дека ЕУ ќе ѝ помогне на Северна Македонија во борбата против коронавирусот со 66 милиони евра.

„Заедно сме во борбата против овој злобен вирус. Во ова тешко време, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија со четири милиони евра за итни потреби, 50 милиони евра за социоекономско опоравување, девет милиони евра за приватниот сектор, три милиони евра директна поддршка за буџетот“ напиша амбасадорот Жбогар во март.

Денеска првата донација од ЕУ

За да се добие веродостојна слика, Делегацијата на ЕУ во Скопје вчера преку соопштение ги ажурираше податоците за помошта што земјава ќе ја добие од Унијата.

„Поради недоразбирањата што се појавија во врска со помошта од ЕУ за земјата да се справи со ситуацијата со ковид-19, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија сака да ги ажурира информациите за дистрибуција на донацијата од 66 милиони евра објавена пред неколку недели. Четири милиони евра се за итно потребни медицински материјали, а првата испорака, која ги вклучува и толку потребните респиратори, ќе биде направена денеска. Три милиони евра се за директна буџетска поддршка – процедурите се во тек и ќе се реализира во наредните недели, додека девет милиони евра се за директна поддршка за мали и средни претпријатија која ќе почне да се реализира на есен. Четириесет милиони евра – фондови, исто така, се за поддршка на мали и средни претпријатија, но и за активни мерки за вработување, за што се прават последните договори со Владата, со цел првата транша средства да се префрли во Буџетот по завршување на летото. Исто така, 10 милиони евра се алоцираат за евентуални здравствени и други итни потреби кои можат да се јават во иднина“, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Оттаму потсетуваат и дека Европската комисија завчера излезе со предлог до Советот на Унијата и на Европскиот парламент да обезбедат 160 милиони евра за макрофинансиска помош за буџетот на земјава во форма на заеми за да може да менаџираат со фискалните последици од кризата.

„Северна Македонија има право да биде поврзана со Европскиот договор за јавни набавки за медицинска опрема и системот за брза сигнализација на ЕУ за заразни болести. Европската унија е во процес на ослободување на извозот на медицинска опрема во земјите на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Од Делегацијата на ЕУ додаваат Северна Македонија можела да побара помош и преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што резултирало со испорака на генератори, шатори, ќебиња, душеци и комплети за хигиена, а покрај помошта од ЕУ, земјата, исто така, добива и билатерална помош од земји членки на Унијата.

Благодарност до ЕУ

Првата донација од итно потребни материјали во која има и респиратори треба да биде доделена денеска. Toa вчера го потврди и министерот за здравство, Венко Филипче, кој упати благодарност до Унијата и до евроамбасадорот Самуел Жбогар, поради поддршката за здравствениот систем на Северна Македонија од четири милиони евра за справување со состојбата предизвикана од пандемијата од ковид-19.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера учествуваше на вонредниот состанок на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), се осврна на солидарноста како европска, но и врвна социјалдемократска вредност. Тој го поздрави предлогот поднесен до Европскиот парламент, кој има за цел подготовка на пакет мерки за справување со економските последици од коронавирусот, а ја искористи приликата да се заблагодари на помошта што земјава ја добива од Унијата за справувањето со здравствените и економски последици од коронавирусот.

„Изразувам особена благодарност за сè она што ЕУ го прави за Северна Македонија како помош во битката против коронавирусот. Благодарни сме што нашата земја е исклучок во забраната за извоз на здравствена опрема од ЕУ, што нашата држава е вклучена и добива помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Секако, голема благодарност и за финансиската помош од ЕУ. За нас, тоа се значајни финансиски средства, затоа што создаваме план за спас на секое работно место, за зачувување на секоја компанија, а со тоа и побрзо надминување на економската криза“, изјави Заев.

Евроамбасадор ЕУ коментари Македонија помош Самуел Жбогар Твитер Финансси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.