Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема да се чека 1 мај: Неносење на маска ќе биде казниво од денеска или утре

0
By Нова ТВ on April 27, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: lokalno.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2020 10:11

Вкупно 500 пациенти во земјава досега се излекувани од ковид-19. Најголем дел од нив, како што вчера истакна министерот за здравство Венко Филипче, се лица кои биле третирани во домашни услови, а помал бројот на оздравени пациенти во болнички услови.

Филипче притоа најави дека Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести денеска до Владата ќе предложат санкционирањето за неносење заштитна опрема (маска или прекривка на устата и носот) во насока на заштита од ширењето на коронавирусот да почне и пред 1 мај по констатациите дека голем дел од граѓаните не користат заштитна опрема или неправилно ја користат.
Надлежните апелираат да се почитува мерката и потсетуваат дека заштитната опрема да се носи како што е пропишано – во затворен простор и на отворено кога не може да се држи физичка дистанца од два метри.

Филипче појасни дека ваквото барање е последица на зачестените фотографии во медиумите и на социјалните мрежи на кои се гледа дека граѓани не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема во услови каде е пропишано, но и граѓани кои ја носат маската или прекривката на лицето под брадата или во рака. Има и граѓани кои, како што рече, ја почитуваат оваа мерка свесни дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот.

Надлежните се уште немаат донесено одлука дали претстојниот викенд на кој му претходи и празникот 1 мај ќе има тридневно ограничување на движењето на граѓаните. Одлуката ќе биде донесена врз основа на анализа на однесувањето на граѓаните, дали се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот за задолжителна заштитна опрема и одржување дистанца.

(Не)носење Заштитна маска казни Ковид-19 Македонија предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.