НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка со поддршка од 140 милиони евра за Македонија

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: gavi.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршката од Светска банка за Република Северна Македонија за справување со последиците од корона-кризата ќе изнесува околу 140 милиони евра. Дел од средствата (околу 90 милиони евра) ќе се наменат за нов проект за брзо дејствување против ковид-19, а останатите 50 милиони евра за мерката за „финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен“ за работодавачи и самостојни вршители на дејност.

За ова било дискутирано на состанокот на потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер со вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерката за економија Мила Царовска, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Нина Ангеловска, соопшти Министерството за финансии. На состанокот учествуваше и наследничката на Милер, Ана Бјерд која од 1 мај ќе ја преземе функцијата.

Во дискусијата беа детално презентирани ефектите од глобалната корона-криза врз македонската економија, а се разгледаа и економските мерки за справување со шокот од пандемијата. Од Светската банка ги оценуваат како позитивни, навремени и таргетирани мерките што во рамки на своите надлежности ги преземаат Владата и Народната банка.

Акцент бил ставен и на стабилноста на финансискиот систем, при што и овојпат е нагласено дека тоа мора да остане приоритет. Во тој контекст, одделно се разговараше за активностите и мерките на Народната банка што се однесуваат на стабилноста на банкарскиот систем, која е клучна за одржување и јакнење на севкупната финансиска стабилност. Досега преземените мерки се сметаат за дополнителна гаранција дека стабилноста ќе биде одржана, а особено е важно што системот има капацитет да се справи со шокот што се должи и на прудентната регулатива, во голема мера усогласена и со европските регулативи.  

Соодветниот одговор на носителите на политиките во однос на предизвиците што ги задава корона-кризата се значаен сигнал за поддршката што Светската банка ја дава за Северна Македонија. Со 50 милиони евра од Светска банка, ќе се поддржи мерката со која ќе се даде финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плати во април и во мај. Аплицирањето за оваа мерка започнува од почетокот на мај.

Освен финансиски, Светска банка учествуваше и советодавно во мерката, а препораките кои се базираа на технички анализи, искуства од претходни големи кризи, но и мислења собрани преку консултации со приватниот сектор, вклучително и во Северна Македонија, беа вклучени во главната рамка усвоена од страна на Владата.

Новиот проект за брзо дејствување против последиците од корона-кризата во износ од 90 милиони евра се состои од две компоненти. Првата компонента за итен одговор се однесува на зајакнување на здравствените капацитети со обезбедување на зголемување на капцитети за тестирање, техничка експертиза, лабораториска опрема, заштитна опрема, медицински помошни материјали и опрема, реновирање на здравствени установи, развој на системи за навремено откривање на случаи и следење на контакт, во согласност со упатствата на Светската здравствена организација (СЗО), како и финансирање на придонесот за здравствено осигурување за ранливи корисници.

Втората компонента за поддршка на домаќинствата се однесува на обезбедување на поддршка за трансфери за ранливи домаќинства погодени од последиците од ковид-19 и паричен надомест за оние кои ги изгубиле работните места како резултат на кризата.

На средбата беа разгледани и проекциите од последниот Регионален економски извештај на Светска банка, согласно кој се предвидува забавување на економиите во земјите од Западен Балкан меѓу -3 и -5,6 отсто. Според Светска банка, Северна Македонија ќе има најмало забавување на економијата помеѓу -1,4% и -3,2%, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Корона-криза Македонија поддршка проект Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.