НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Сотирова-Бухова: Лицата во изолација да почитуваат протокол за излегување

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Позитивно лице на ковид-19 кое е ставено во изолација за лекување со решение на Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ), може да го напушти местото со најава на бројот 192, меѓутоа и по претходна координација со матичниот доктор, епидемиолог или специјалист инфектолог во најблиската болница.

За ова денеска информираше директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова Сотирова на прес-конференција во Владата по извршените инспекциски надзори во Центарот за јавно здравје Куманово, Здрвствен дом Куманово – единица за медицинска помош, Општата болница Куманово  и Одделението за инфективни болести во Куманово, при што нагласи дека само со јавување на 192 по издаденото решение не се овозможува излегување надвор од протоколот.

Директорката на ДСЗИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и правилата бидејќи, како што рече, доколку сите позитивни на ковид-19 самоволно излезат без почитување на протоколот ќе ги доведат во опасност граѓаните во државава со заразување со вирусот. Овој апел, според неа, е поради случувањата од пред неколку дена во Куманово каде лица во самоизолација самоволно ги напуштале своите домови за да се тестираат без почитување на протоколот.

„Согласно решението издадено од ДСЗИ и протоколот за позитивни лица, тестирањето на позитивни лица кои се наоѓаат во домашна самоизолација и домашно лекување се изведува исклучиво по 14. ден во временска разлика од 24 до 48 часа во лабораторија на Институтот за јавно здравје Скопје“, истакна Сотирова-Бухова.

Таа информираше дека од 30 март до вчера, ДСЗИ има издадено 3.324 решенија за домашна самоизолација по основ на контакти и 994 решенија на позитивни лица кои се на домашно лекување и домашна самоизолација.

ДЗСИ Изолација Иринка Сотирова-Бухова Коронавирус Протокол Самоизолација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.