Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска е-спорт федерација со најава за турнири во Counter Strike, League оf Legends и ProEvolution soccer

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 СПОРТ
Фото: gamingtimemk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 30, 2020 23:06

Во услови на глобална пандемија на ковид-19 која го парализира светот и нормалниот начин на живот, вклучително и спортот, имунитет задржа Македонската е-спорт федерација која, речиси, непречено продолжува со планираните активности во време на рестриктивно движење и совршено се вклопува во основната препорака на здравствените власти во земјата и на Светската здравствена организација (СЗО) – „остани дома“.

 

Од македонската е-спорт федерација во периодот што следува ќе организираат турнири во три е-спорт дисциплини и најавуваат возбудливи натпревари во Counter Strike: Global Offensive, League Of Legends и ProEvolution Soccer 2020. Пресметките се закажани на 4 мај и на 5 мај за тимските игри и на 7 мај за PES 2020.

Фото: mesf.mk

Турнирите во организација на МеСФ се под мотото #StayHome и ќе биде квалификациски за учество на првиот Европски куп на нации, кој ќе започне на Денот на Европа – 9 мај. Ривали на македонските претставници за првата континентална титула ќе бидат победниците на националните натпревари во Португалија, во Чешка, во Србија, во Словачка, во Белгија, во Израел, во Белорусија, во Унгарија, во Србија, во Украина и во Грузија.

„Светската здравствена организација препорача да се играат игри за време на пандемијата, но препораките одат во насока на умерено играње. Ние, како Федерација, секогаш предупредуваме дека вкупното време кое се минува пред компјутер да биде посветено на физичка активност. Исто така, правилните тренинзи и обуката може да донесат подобри резултати отколку неконтролираното играње со часови без прекин. Во овој двомесечен период, е-спортот е единствен спорт кој активно се одвива и се повеќе се практикува“, велат организаторите.

Македонската е-спорт федерација е формирана во 2009 година и членка е на Меѓународната е-спорт федерација, на Европската е-спорт федерација и на Светскиот конзорциум за е-спорт. Македонски е-спорт репрезенти досега учествуваа на 10 светски првенства и веќе петта година се организира Национална е-спорт лига во Македонија.

Counter Strike: Global Offensive League of Legends ProEvolution Soccer 2020 Е-спорт Европски Куп на нации Македонија Натпревари Федерација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.