НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ строго ќе ги контролира ковид-19 фондовите, одговорноста ќе биде кривична

0
By Нова ТВ on May 5, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ден пред виртуелниот самит во Загреб на кој лидерите на земјите на ЕУ и на Западен Балкан треба да ја потврдат „јасната ЕУ перспектива“ за регионот, Брисел потсетува дека 3,3 милијарди евра помош кои пристигнуваат за борбата против пандемијата се предмет на многу строги контроли од страна на ЕУ.

Овој самит во Загреб нема да се фокусира на проширувањето кон регионот, објаснија европските дипломати денеска, делумно поради санитарната криза, а делумно и поради тоа што проширувањето се третира во рамките на Советот за општи работи на ЕУ.

Иако секој лидер е слободен да отвори која било тема што му е важна, планот утре е да се разговара, пред сè, за 3,3 милијарди евра финансиска и материјална помош што ја мобилизираше Европската Унија за борба против коронавирусот и последиците од оваа криза во регионот.

Одговарајќи на новинарски прашања изутрината, од Европската Комисија ги уверуваа медиумските претставници дека Комисија многу внимателно ќе го следи патот на овие фондови кога ќе пристигнат во земјите.

„Ве уверувам дека секоја транша е предмет на многу строга ревизија и контролни механизми и доколку има и најмал сомнеж за потенцијалн злоупотреба на фондовите, ќе отвориме истрага која може да доведе до кривичен процес. Фондовите на ЕУ се поврзани за многу строги услови“, изјави претставник на Европската Комисија.

Иако начелно регионот беше исклучен од повеќето фондови и механизми за помош, Европската Унија се коригираше, па така од крајот на април земјите од регионот не треба повеќе да бараат посебни дозволи за увоз на медицинска опрема потребна за борбата против ковид-19. Ова беше одговор на бројни критики, посебно во Србија, чиј претседател Александар Вучиќ јавно изрази незадоволство од тоа што ЕУ помага помалку од Кина во неговата земја.

„Видовме проблеми во комуникацијата, се генерираа и ширеа лажни обвинувања за пријателството меѓу ЕУ и земјите од регионот, лидерите треба да се усогласат во пораките и треба да се спротивставиме на погрешната концепција за нашите односи“, изјави висок ЕУ дипломат во пресрет на утрешниот самит.

За ЕУ „нема сомнеж“ дека Западниот Балкан е „близок партнер“ и дека ниту Кина ниту Русија не му се поблиски и поголеми пријатели на регионот. Меѓутоа се јавија критики и поради фактот што овој самит нема да се фокусира на проширувањето, а загрепската декларација која треба да ја потпишат сите лидери утре не го споменува зборот проширување, ниту членство или пак преговори со Северна Македонија и Албанија.Од ЕУ ги отфрлаат овие критики.

„Утре идејата е да се потврди уште еднаш ЕУ перспективата на регионот, ние тоа го правиме со нашите партнери. Фактот што имаше одлука за Северна Македонија на 26 март јасно покажува дека ЕУ перспективата е главен поттик за реформите кои се бенефит за сите граѓани, покажавме дека испорачуваме кога нашите партнери испорачуваат. Не разговараме за проширувањето, од една страна затоа што ковид-19 е главна тема, но тоа не значи дека процесот се прекинал, процесот ќе продолжи на следната средба на Советот за општи работи во јуни, и ќе напредува, сметавме дека има специфична тема на која треба да се фокусираме“, изјави висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовката на утрешниот самит.

Од Европската Комисија исто така потврдуваат дека со полна пареа се работи на преговорите со Северна Македонија и Албанија, и дека преговарачката рамка ќе биде презентирана заедно со извештаите за напредокот на земјите од регионот. Датумот на овие извештаи сè уште не е одреден поради кризата со коронавирусот, но би требало наскоро да се разјасни.

ЕУ Загреб Ковид-19 Самит Фондови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.