НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ со два услова за избори: Здравјето на граѓаните и набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериума за нивно одржување – првиот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да го загрози здравјето на граѓаните, а вториот е ОБСЕ/ОДИХР да констатира дека можат да го следат процесот, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека вториот услов бил споменат и во вчерашната комуникација со телата на Европската Унија кои, како што додаде, „сметаат дека одлуката за избори е наша, меѓутоа е многу важно да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР во изборниот процес“.

„Ако овие два услови се исполнат, ние сме на став дека изборите може било кога да се одржат“, рече Османи.

Според него, за да се одржат изборите, треба да се направи анализа врз основа на постоечките параметри, врз основа на еден тренд.

„Затоа на пример, мерките на олеснување не ги даваме денеска, ги планираме во петок, за да имаме една недела тренд. Кога ќе треба да се донесе одлуката за избори, Комисијата треба стручно да го види трендот, бидејќи трендот ја покажува проекцијата за наредниот период, какви ќе бидат наредните десет или дваесет дена“, оцени вицепремиерот Османи.

Бујар Османи ДУИ избори Македонија став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.