Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Ги охрабрувам верниците да не одат во џамија

0
By Нова ТВ on May 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 11, 2020 22:09

Вицепремиерот и главен координатор на кризните штабови за спречување на ширењето на ковид-19, Бујар Османи во пресрет на отворањето на џамиите што е најавено за утре, ги охрабрува верниците да не ги посетуваат се додека не се стабилизира состојбата со вирусот.

„Немаме начин да ги затвориме џамиите. Не постои уставна и законска можност државата да затвори објекти. Тука е прашање на соработка, на договор помеѓу институциите. Јас ќе ги охрабрам луѓето да не одат, затоа што додека не сме сигурни дека состојбата е толку подобрена да може да влезе во таа втора фаза“, рече Османи, при гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на ТВ 24.

Тој истакна дека одлуката за отворање на верските храмови требала да се донесе координирано, а не поединечно. Не се координирале, појасни тој, ниту за настанот со литијата во Струга, ниту за отворањето на џамиите.

„Јас бев известен од страна на ИВЗ откако тие ја донесоа одлуката. Ја добив пораката по полноќ дека е донесена одлука за отворање на џамиите. Во текот на наредниот ден имав целодневен разговор со поглаварот на ИВЗ и кога видов дека нема начин да се измести таа одлука, тогаш проценив дека е најважно сега да соработуваме, бидејќи најлошо е доколку се лутиме ќе почнеме да си кажеме еден на друг нешто и секој ќе си тера по своето. Одлуката е донесена и сега да видиме што можеме да спасиме. Според нив, не може да се смени одлуката, освен ќе го цитирам поглаварот кој рече: „Доколку се влоши состојбата, може евентуално да седнат“, рече Османи.

Порача да не се настапува ривалски, затоа што, потенцираше, од тоа ќе изгубат сите.

„Мене тоа ми беше и целта за посетата на Струга и намерно на состанокот го повикав и отец Васил кој е надлежен за Струга и муфтијата од Струга, бидејќи тоа што најмногу ме исплаши е доколку почне такво ривалство помеѓу заедниците, но и одредено ривалство што го гледам меѓу тие што сакаат да одат во верските објекти и тие што не сакаат. Со тоа ќе губат сите, ќе губат и верниците. Прво, не смееме да дозволиме таква поларизација и тука мислам дека постигнавме едно разбирање помеѓу сите дека тоа не смее да се случи и затоа јас кога видов мала асиметрична реакција кон верските заедници во смисла на напади, оти пропусти имаше секаде. Пропусти имаше и меѓу здравствените работници на одредени места, имаше и во бизнисите, и во верските заедници“, рече Османи.

Лично смета дека во наредниот период ќе има зголемен број заразени и поради тоа повикува на внимателност. Очекува утре на седница на Влада да се донесе одлука за олеснување на мерките, но за одредени сегменти кои се помалку ризични.

Бујар Османи Верници Коронавирус Македонија џамии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.