НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО охрабрена од неколку третмани за коронавирусот

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека некои третмани успеваат да ги ограничат тежината или должината на заболувањето од ковид-19 и дека се фокусира на четири или пет најветувачки лекови. СЗО се обидува да развие сигурна вакцина, тестови и лекови со кои треба да се спречи, открие и лекува коронавирусот.

„Постојат некои третмани кои се наоѓаат во многу ран стадиум, кои ја ограничуваат тежината или должината на болеста, но немаме ништо што го спречува или убива вирусот. Добивме позитивни податоци, но ни требаат повеќе за да бидеме 100 отсто сигурни кој третман делува“, изјави портпаролката Маргарет Харис, без да ги наведе третманите.

Фирмата „Гилиад Сајенс“ тврди дека нејзиниот антивирален лек Ремдесивир им помага на некои пациенти. Клинички податоци објавени минатиот месец ги зголемија надежите дека лекот Ремдесивир би можел да биде ефективен третман. Неколку студии за комбинации на антивирална медицина, исто така, посочуваат дека веројатно им помагаат на пациентите да се изборат со вирусот.

Тестови во Хонг Конг направени минатиот месец покажаа дека комбинација од три антивирални лека им ги намалиле симптомите на пациентите и го намалиле количеството на вирусот во нивните тела. Пациентите добиле комбинација од ХИВ лекот Лопинавир-Ритонавир, лекот за хепатитис Рибавирин, и третман за мултиплекс склероза.

Од друга страна, антималарискиот третман со хлорокин кој го туркаше претседателот на САД, Доналд Трамп, засега не покажал резултати, според некои студии.

Во СЗО се претпазливи во однос на очекувањата за вакцина, објаснувајќи дека коронавирусите се „многу незгодни“ и „тешко е за нив да се направи вакцина“. Во моментот во тек е работа на околу 100 потенцијални вакцини за ковид-19, а неколку влегоа во фаза на клиничко тестирање. Очекувањата на СЗО се дека вакцина најверојатно ќе има следната пролет.

Вакцина Коронавирус лекови СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.