НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп со обвинување кон „Гласот на Америка“ за „срамно информирање“

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 СВЕТ
Фото: ap.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Американскиот претседател Доналд Трамп има нова мета во војната со медиумите во САД. Тоа е „Гласот на Америка“, институција финансирана од САД и формирана во Втората светска војна за емитување независни вести и промовирање на американските вредности, што тој и неговите приврзаници ја обвинија за „срамно известување“.
Советникот за комуникации на Трамп, Ден Скавино на 9 април на Твитер објави текст на „Гласот на Америка“ за Кина. Покрај текстот, тој напиша дека „американските даночни обврзници ја плаќаат пропагандата на Кина преку „Гласот на Америка“, финансирана од САД и додаде „Срамно“.
Иако текстот што го објави Скавино всушност беше извештај на „Асошиејтед прес“, сепак Белата куќа наредниот ден го обвини „Гласот на Америка“ дека ги користи парите од даночните обврзници за да „зборува во име на авторитарните режими“, откако беше соопштено дека во Вухан е укината забраната за движење, кинескиот град во кој најпрво се појави жариште на новиот коронавирус.
Неколку дена подоцна, Трамп го оквалификува начинот на известување на „Гласот на Америка“ како „одвратен“. Притоа побара од Сенатот да го именува конзервативниот филмски продуцент Мајкл Пек на чело на Американската агенција за глобална радиодифузија, тело што ја  надгледува работата на „Гласот на Америка“ и Радио Слободна Европа, Радио Слободна Азија и Радио Марти, чиј фокус е на Куба.
За именувањето на Пек за директор на таа Агенција денеска ќе гласа надворешно-политичката комисија на американскиот Сенат. Се очекува изборот да биде потврден, со оглад што мнозинството нејзини членови се од Републиканската партија. На сослушувањето во Конгресот во септември, Пек ја отфрли можноста дека со неговото именување Трамп може да добие контрола над „Гласот на Америка“.
Гласот на Америка Доналд Трамп медиуми САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.