Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори со кампања, одење од врата на врата, заштитна маска, дистанца и дезинфекција

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 14, 2020 12:39

Кампања со јавен превоз и одење од врата на врата со држење на дистанца и задолжително носење на заштитни маски. На гласачките места, носење на заштитна маска, држење на физичка дистанца, дезинфекција на рацете и проветрување на просториите.  Гласачите во редица, еден по еден, од надвор да чекаат ред за да можат да гласаат. При влегување во гласачките места за да го дадат својот глас, ги дезинфицираат рацете и на кратко ја симнуваат маската. Во вакви услови ќе се одвиваат изборниот процес, внатре во изборачките места, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Комисијата за заразни болести изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето. Министерот Филипче изјави дека протоколот е подготвен на барање на претседателот Стево Пендаровски, протоколот бил прифатен од сите членови на Комисијата и сите партии мора да го почитуваат. Филипче очекува сите политички субјекти да ги почитуваат одредбите од Протоколот.

„Протoколот беше поддржан од сите членови на Комисијата за заразни болести и мора да се почитува без исклучоци. Сите лидери на лидерската средба кај претседателот Пендаровски се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место и очекувам сите да го почитуваат Протоколот“, рече Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Протоколот ќе биде доставен до претседателот на државата Стево Пендаровски и до премиерот Оливер Спасовски. Филипче рече дека протоколот произлегува до генераните препораки, а предвидува мерки и ограничувања, активности, движењата на собирите и на крај протоколот за денот на гласањето.

Генералните правила и сите активности треба да се одвиваат, почитувајќи ја физичката дистанца од  2 метра, задолжителна маска на устата и носот и и често миење на рацете, рече Филипче.

„Партиските активности по можност да бидат на отворено, доколку се во просторија тоа да не биде подолго од 2 часа. Мобилните пунктови да не бидат за собирање на луѓе, тие што ќе бидат на пунктовите, да се по двајца и да бидат со заштитна опрема. Партиските активности со јавен превоз да бидат со маски внатре и да се врши дезинфекција во автобусите. На денот на изборите сите да носат заштитни маски и да проветруваат секој час во просториите, да се врши дезинфекција, гласачите ќе чекаат ред на дистанца, внатре при влегување задолжтелна е дезинфекција на рацете, потоа на кратко ја симнуваат маската заради идентификација, ги дезинфицираат рацете и по излегување од гласачкото место“, изјави министерот Филипче.

Тој рече дека при одржување на било кои собири треба да се почитуваат овие мерки, на отворен или затворен простор и кај помал број на учесници во кампњата, дисциплината да се одржува со користење на разгласни уреди.

„Кампањата од врата на врата да биде со дистанца, да не се влегува внатре туку исклучиво на врата или во дворовите. Мерките за изборите се врз основа на препораките, ќе има собири колку што еден простор собира, со дистанца меѓу луѓето, а кампањата од врата на врата е како што сега комуницираат луѓето, со оддалеченост. Со ништо не отстапува кампањата од мерките и препораките, ќе има мерки за озвучување за да се предупредуваат да држат дистанца. Се е согласно правилата и протоколите и ништо не отстапува од препораките. Апсолутно се земавме во предвид и врз основа на тие протоколи мора да се почитува се“, рече Филипче.

Тој ги наброја факторите кои може да влијаат на влошување на состојбата, а тоа се отворање на границите, влез на странци во државата, почеток на школската година, епидемии на сезонски грип.

 

Венко Филипче Заштитна маска избори Коронавирус ПРОЦЕС Физичка дистанца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.