Судии од Основниот кривичен суд донираа во просек по 200 евра во солидарниот ковид фонд, информираат од Кривичниот суд. Издвоената просечна сума, додаваат од таму, е над 20 отсто од судиската плата.
Потегот на 48. кривични судии, како што се вели, се надеваат дека ќе биде сфатен како предизвикувачки за сите граѓани со плати поголеми од 40.000 денари да донираат со што ќе покажат солидарност, но поддршка за здравствените работници.
Донацијата на судиите од Кривичен суд Скопје дојде како последица на одлуката на Устарниот суд кој ја поништи владината Уредба за минимална плата за месеците април и мај за сите избрани, именувани и назначени лица, како една од мерките за справување со корона-кризата во земјата.