Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден остана мирна за време на земјотресот што се случи додека таа даваше телевизиско интервју во живо. Арден го прекина водителот на „Њузхаб“, Рајан Бриџ, за да му каже што се случува во парламентарниот комплекс во главниот град на земјата, Велингтон.
„Имаме мал земјотрес овде, Рајан. Всушност е прилично пристоен земјотрес. Дали гледате како работите се поместуваат зад мене“, рече премиерката, разгледувајќи наоколу.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во океанот на околу 100 километри северо-источно од Велингтон, според американскиот Геолошки институт. Потресот се случи нешто пред 8 часот по локално време и беше почувствуван од илјадници Новозеланѓани кои се подготвуваа да ја започнат работната недела.
„Добро сме, Рајан. Јас не сум под никакви висечки светла. Изгледа сум на структурно добро место, рече таа и продолжи со интервјуто.