НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Да не се промовираат мерки што се спроведуваат и се познати за јавноста

0
By Нова ТВ on May 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек и со кои јавноста е веќе запозната, како и мерки кои не се непосредно поврзани со санирање на последиците од корона-кризата, укажува Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Комисијата која на 21 и на 22 мај заедно со претставник од Платформата на граѓанските здруженија за борба против корупција имаше средба со министерката за финансии, Нина Ангеловска и со советникот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи во врска со третиот сет економски мерки, апелира и да се внимава едно лице да не користи надоместоци од различни мерки, да се обезбеди целосна транспарентност за лицата кои како корисници ќе бидат опфатени со секоја мерка поединечно.

Можноста преку електронска платформа секој граѓанин да го следи процесот, ќе обезбеди, смета ДКСК, почитување на начелото на транспарентност во спроведувањето на мерката.

На средбата за третиот антикризен пакет, Ангеловска и Битиќи информирале дека при подготовката на мерките се следеле препораките на ЕК и ОЕЦД, кои се дадени во насока на опоравување на земјите погодени од пандемијата. Министерката и советникот рекле дека мерките се темелат на спроведена анализа и проценка на состојбите во домашната економија, на компаративна анализа со земјите од регионот, како и на анализа на ефектите од презементите мерки.

„Исто така бевме известени дека само четири мерки е можно побрзо да се реализираат, откако ќе бидат целосно завршени сите делови од процесот на подготовка, што е извесно да се случи во третиот квартал на годината. Како што беше наведено, мерките биле подготвени низ екстензивен консултативен процес со многу експерти и претставници на коморите и политички партии од опозицијата, со единствена цел да се стимулира потрошувачката и да се поткрепи домашната понуда, односно да се намалат последиците од кризата во економијата“, наведува ДКСК.

Станува збор за мерките: Домашна платена картичка од 9.000 денарии, Поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари со кои се опфатени ранливи категории и семејства кои имаат приход помал од 15.000 денари.

Изборот на корисниците на оваа мерка ќе се врши системски односно електронски врз основа на вкрстување на податоците од Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи, при што во Генералниот Секретаријат ќе се креира платформа на корисници. Со тоа се избегнува ризикот од селективен избор на корисниците, а краткиот рок од 30 дена за реализација на мерките дава уверување дека преку зголемената потрошувачка на населението ќе се ублажат последиците што ги трпи економијата од кризата.

Мерката „награда на докторите и медицинскиот персонал на инфективните одделенија“ во овој период на пандемија не е предмет на проценка од аспект на ризик на влијание врз гласачкото тело, мерката „надомест за невработеност за лицата кои го изгубиле работното место“ не е нова мерка, туку е дополнета со бројот на лицата кои спогодбено останале без вработување.

Прашањата на ДКСК и на претставникот на Платформата на средбата, како што информира Комисијата, биле насочени кон можното влијание на мерките врз гласачите доколку предвремените избори наскоро се одржат, при што фокусот бил ставен на тоа дали мерките се носат поради неопходна потреба, нужност и итност, односно дали се тесно поврзани со причина која предизвикала настанување на вонредната состојба, кои се критериумите за определување на целната група корисници и дали се почитува начелото на транспарентност и отчетност.

ДКСК Економски пакет мерки Нина Ангеловска Промоција Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.