НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Разликите за датумот за избори не се големи, наскоро очекувам консензус

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разликата меѓу политичките партии околу датумот за одржување на предвремените парламентарни избори не се така големи и во наредниот период очекувам да се дојде до консензус, нагласи вицепремиерот во Владата, Бујар Османи во интервју за „Независен“. Во спротивно, како што вели, ќе биде штетно по државата ако кон здравствената и економската криза се надоврзе и политичка.

За ДУИ, потенцира Османи во интервјуто, е прифатлив секој датум до декември, па така и 5 јули кој, пак, се погласно се заговара низ кулоарите како можен термин за вонредните избори што беа закажани за 12 април, но и одложени поради пандемијата на ковид-19. Потоа, нагласува тој, условите за организирање на процесот ќе бидат потешки оти во меѓувреме се планира отворање на границите, па голема е веројатноста дека граѓаните ќе заминат на летен одмор во некоја од странските дестинации.

„Најмалку што би посакале сега, и ние и граѓаните, е нова политичка криза и нови препукувања меѓу партиите во услови на пандемија. Мислам дека тоа би било најомразеното нешто за граѓаните доколку видат дека сега, кога е најважна сплотеноста на сите за да излеземе од здравствената и економската криза, ние политичарите да покажуваме ниско ниво на свест и да се закопуваме во партиските ровови и интереси. Кој и да го прави ова ќе изгуби во очите на граѓаните. Затоа сметам дека ниту една политичка партија нема да оди до својот екстрем, да предизвика политичка криза во овие услови. Разликите за датумот не се многу големи“, потенцира Османи.

Според него, 5 јули не само што не е лош датум за избори, туку верува дека ќе биде прифатлив за сите, истакна дека партиите имаат постојана меѓусебна комуникација, но покана за нова лидерска средба засега немаат добиено.

Бујар Османи датум избори интервју консензус Разлики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.