НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Специјалистите по болниците со нето плата меѓу 85.000 и 170.000 денари

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче, во синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, потенцира дека зголемување од 20 отсто плата за два месеца ќе добијат сите кои биле ангажирани во лекување на ковид пациентите.

„Зголемување ќе добијат вработените во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, ГОБ „8 Септември“, во инфективните одделенија во болниците каде се лекуваа овие ковид пациенти, во Итната медицинска помош, епидемиолозите од Центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје. Не само здравствените работници – доктори, медицински сестри, туку и помошно-техничкиот персонал – болничари, клиничари кои работеа во тие одделенија. Понатаму, лекарите и медицинските сестри кои ротираа во тие одделенија. Нема да земат зголемување само тие вработени кои немаат контакт со ковид пациентите во тие јавно-здравствени установи“, информираше Филипче и додаде дека се уште не е дефиниран начинот и формата на исплата за што дополнително ќе разговараат со Министерството за финансии.

Тој истакна дека во изминатите две години, вкупната сума на пари што е вложена во платите на здравствените работници и соработници, помошно-техничкиот персонал, администрацијата што работи во здравството е близу две милијарди денари.

„Вакво зголемување никогаш немало во платите на здравствените работници. Некаде лекарите специјалисти во болниците и клиниките земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари во зависност од бројот на дежурства во месецот. Ова се нето износи. За начинот на пресметка, тоа што е финална сума што ја земаат здравствените работници се основната плата со дежурствата и додатоците кои ги имаат. Комплексност на работа, искуство, додаток ако се изложени на рентгенско зрачење, итн. Сега, платата во јавното здравство е многу атрактивна – што се докажува со тоа што имаме огромен број на доктори и медицински сестри кои сакаат да се вратат од приватното здравство во клиниките, односно болниците. Сметам дека со ова направивме сериозна инвестиција во луѓето кои работат и се еден од клучниот сегмент за да овој систем добро функционира, што впрочем се покажа и со добрата организација и одговорот со овој проблем актуелен“, изјави министерот Филипче.

болници Венко Филипче Ковид Нето плати пациенти Специјалисти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.