НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По смртта на Флојд: Просторот пред Белата куќа доби име „Black Lives Matter“

0
By Нова ТВ on June 6, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, просторот пред Белата куќа во Вашингтон доби име „Black Lives Matter“ (Животот на црнците е важен). Градоначалничката на главниот град на САД, Мјуриел Баузер го објави тоа на Твитер.

На видеото што таа го постираше се гледа како вработен во градот на раскрсница на која се сечат 16. улица и Х-улицата става табла на која е напишано „Black Lives Matter“ (Животот на црнците е важен). Освен тоа, на 16. улица истото е напишано со огромни жолти букви, објави „Дојче Веле“.

Владата на Доналд Трамп во понеделникот вечерта даде наредба за празнење на тој дел од градот од демонстранти. Истовремено, Трамп пред Белата куќа држеше говор во кој се закани со активирање на армијата поради протестите ширум земјата по смртта на Џорџ Флојд. Непосредно потоа Трамп со придружба замина во црква и таму со Библија в рака позираше пред камерите.

Шефот на кабинетот на Баузер, Џон Фалчикио на Твитер напиша: „Неделава имаше спор околу тоа чија е оваа улица. Градоначалничката Баузер сакаше да стави јасно до знаење дека е ова улица на градот Вашингтон“. Освен тоа, според Фалчикио, градоначалничката сакала да „им оддаде почит на демонстрантите кои во понеделникот протестираа мирно“.

Градоначалничката на Вашингтон од американскиот претседател Трамп денеска побара и повлекување на војската и останатите безбедносни сили на неговата влада од улиците на главниот град. Во писмо до Трамп таа вели дека ја укинала вонредната состојба воведена поради протестите по смртта на Флојд. Протестите во Вашингтон во меѓувреме минаа мирно. Баузер, како што нагласува, е загрижена дека сојузните безбедносни сили на улиците на Вашингтон претставуваат ризик и дека поради тоа би можело да избувнат нови протести.

Бела куќа Вашингтон Именување Простор протести САД Џорџ Флојд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.