Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за заразни болести на жешко столче

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 8, 2020 10:33

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок треба да ги анализира растечките бројки на новозаразени од Ковид-19 во изминатите денови, а врз основа на тоа и на други податоци од терен, да даде предлог: дали повторно треба да има ограничување на движењето (полициски час) или ќе се бара подоследно почитување и контрола врз „меките мерки“ – задолжителното носење заштитна маска, држење дистанца и негрупирање. Предлогот на Комисијата доаѓа во време кога дел граѓаните жестоко се противат на мерките за ограничено движење, но и во време кога бројката на новозарезени последователно расте. Предлогот ќе биде доставен до Владата и таа треба да ја донесе конечната одлука.

Пред три дена министерот за здравство Венко Филипче процени дека состојбата ќе се стабилизира до крајот на оваа седмица, бидејќи кластерите се познати и се под контрола.

Она што остана надвор од контрола е големиот бран на граѓани кои пред почетокот на 80 часовниот карантин во Скопје и во неколку други општини, заминаа кон туристичките места каде имаше поблаго ограничување на движењето. Сликите од тие туристички центри покажаа дека сите не ги почитуваат мерките за заштита. Истата река од возила која во четвртокот замина од главниот град, денеска ќе се врати во Скопје. Дали таа фреквенција ќе предизвика нови жаришта, ќе покажат билансите во наредните денови, пишува „Дојче Веле“.

„Провев“ во карантинот

Но, сликите што медиуми ги снимија низ повеќе општини во Скопје, открија дека не се почитува ниту карантинот во главниот град. Реагираше владејачкиот СДСМ, со обвинување дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ги игнорира бројните прекршувања на забраната за движење.

„Целата јавност преку медиумите можеше да види како низ многу општини воопшто не се почитува забраната за движење. Сарај, Чаир, Даме Груев, Тетово се само дел од општините каде масовно се прекршува полицискиот час, додека полицијата на Чулев не презема ништо. Ваквото непостапување и игноратски однос на Чулев е доказ за целото негово лицемерие и е опасност по јавното здравје. Нему му е поважно да ги брани прекршувањата сторени од неговиот шеф Христијан Мицкоски, отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките. Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста, и најмалку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш“, порачаа социјалдемократите.

Набрзо по ваквите реакции, МВР доцна синоќа ја информираше јавноста дека на подрaчјето на полициската станица Бит Пазар од 19 до 20 часот биле лишени од слобода 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење.

За тоа каква била самодисциплината на граѓаните, говори податокот дека во претходното деноноќие (6/7 јуни) на територијата на земјата биле регистрирани 386 прекршоци заради неносење заштитна маска, а 154 лица не ја почитувале забраната за движење. Приведени биле 130 лица, а за останатите ќе следуваат соодветни мерки.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се препуштени сами на себе

За лицемерие вчера обвини и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов и Шекеринска прават забава во Маврово откако ги затворија скопјани во карантин“, критикуваше партијата, а тврди и дека Филипче и власта манипулираат со бројките и тестовите. Владата на СДСМ е целосно изгубена во справување со пандемијата во земјата. Без никаков срам Заев и Филипче се фалеа дека ситуацијата е под контрола и дека пандемијата ќе се надмине. Последните четири дена имаме троцифрен број на новозарзени, а за тоа главни виновници се Заев и Филипче. Доколку тие ја следеа ситуацијата и се грижеа за граѓаните бројката на новозарзаени ќе беше многу помала. Очигледно граѓаните се препуштени сами на себе. СДСМ ќе одговара за се пред граѓаните“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Утрово се огласи СДСМ, со повик да се почитуваат мерките за заштита.

„Сега влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот. Ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум. Ако тоа не го сториме, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние. Нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик. Сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје. Убедени сме дека ќе успееме“, се вели во соопштението.

Влада Комисија за заразни болести Коронавирус мерки полициски час
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.