НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев: Дисциплинска за полицајци кои не постапувале во полициски час во Чаир

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дисциплинска постапка против полициски службеници за утврдување на нивна евентуална одговорност за непостапување за време на полициски час во скопски Чаир.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во однос на продавницата која вчера била отворена во Чаир, тој рече дека тоа не е во надлежност на МВР, туку на Државниот пазарен инспекторат.

„Дозвола за работење на колонијалите даваат локалните Кризни штабови, но тие дозволи не се замислени за непосредна продажба туку за продажба со достава до домовите. Во конкретниот случај работењето на продавницата е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Во однос на полцииските службеници кои не постапиле во однос на лицата ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди евентуална нивна одговорност“, рече Чулев.

Прашан дали МВР утврдило за каква цел портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја користел дозволата за движење за време на полициски час, Чулев информира дека тој располага со валидна дозвола за движење и оти не е регистрирано дека се однесувал дрско и навредливо.

„Според информации што ги добив од Секторот за внатрешни работи Струмица, посоченото лице располага со валидна дозвола за движење и јас мора да кажам дека МВР не издава дозволи за движење. Дозволите се ингеренции на Министерството за информатичко општество и администрација и со дозвола на Владата овозможено е на сите правни субјекти кои имаат работни обврски или задолженија самите да си издаваат дозвола. МВР не навлегува во валидноста на дозволите, туку само гледа дали тие се оригинални или не“, рече Чулев, додавајќи дека досега не е стигната пријава од страна на посоченото лице дека е следен или дека на каков било начин е неовластено легитимиран од страна на други службеници.

Дисциплинска МВР Наќе Чулев Непостапување полицајци полициски час Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.