НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Т’зи „Форбс“ не е „Форбс“

0
By Нова ТВ on June 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминитите неколку дена партиски лидери и аналитичари жестоко ги критикуваа македонските биланси од Ковид-19, повикувајќи се на реномираниот „Форбс“ кој Северна Македонија ја сместил на 103. место на листата на најбезбедни земји во време на пандемијата на коронавирусот.

„Форбс вели“, „Форбс оцени“, „Форбс не е кој било“… Со ваков вовед се редеа критиките засновани врз авторитетот на истражувачите, се забележува во текстот објавен од „Дојче Веле“.

Случајно или нe, до денес никој не седна сериозно да го разгледа тоа истражување, односно наводните 130 квантитативни и квалитативни критериуми низ кои било изведено рангирањето. Оној кој би одвоил барем малку време за тоа, ќе се соочеше со еден ноторен факт: дека тоа не е истражување на „Форбс“, туку „Форбс“ само го пренесува/цитира. Како што може да го цитира кој било медиум, компанија или организација во светот. Но, кога ќе се спомне „Форбс“ како „извор“, веројатно тоа звучи многу поубедливо. Вината воопшто не е во „Форбс“ бидејќи под објавените графикони од истражувањето професионално е наведен изворот на податоците: „според Deep Knowledge group“.

Тоа е името на организацијата која го направила рангирањето. За разлика од нељубопитните Македонци и од македонските здравствени власти кои одговараат на разни критики за „рангирањето од Форбс“, во други земји ова истражување е ставено под сериозна лупа.

Бугарскиот весник „24 часа“ нотира дека станува збор за организација непозната во светските научни кругови и дека нивната веб-страница dkv.global изобилува со огромен број на убави графикони кои создаваат впечаток на експертност. Притоа прави една логична споредба: „Интересно е што од класификацијата произлегува дека Шпанија, која до 8 јуни има 241.550 случаи на заболени од коронавирусот (шеста во светот и втора во Европа по најмногу заразени) подобро се справува од Бугарија“.

Со тие бројки и состојби Шпaнија е на 45. место, а Бугарија сo вкупно 2.810 случаи на заболени до денеска (во време на истражувањето бројката била и многу помала) е рангирана на 48. место.

Според јавно достапни податоци, Deep Knowledge group (ДКГ) е сопственост на инвестициска компанија Deep Knowledge Ventures, основана во 2014 година во Хонконг во сопственост на рускиот бизнисмен Дмитриј Камински, а со деловни интереси во истражувања на болести, стареењето и регенеративната медицина.

Рангирањето е објавено уште во април, па сега има разни теории зошто истражувањето добило гласност на Балканот во јуни. Весникот „24 часа“ потсетува дека уште во април весникот „Times of Israel“ објавил анализа со бројни сомнежи за рангирањето и за „чудната сага со интересно потекло“. Дел од тие сомнежи произлегуваат од фактот што на веб-страницата нa истражувачката организација ДКГ не е објаснета користената методологија, а наведено е дека податоците се собрани од јавно достапни извори, од Светската здравствена организација, од неколку универзитети, и дека не презема одговорност за точноста на табелата.

Како што е веќе познато, првите места во ова рангирање им припаднаа на Швајцарија и Германија, на трето место е Израел, следат Сингапур, Јапонија, Австрија и Кина која е на седмото место.

Од регионот нa листата најдобро беше позиционирана Словенија – на 32 место, Грција на 34., Хрватска на 36., Црна Гора на 42. место. Србија е рангирана на 54. место, БиХ на 72., а Албанија на 88. место. САД се на 58 место, а Русија на 61 место.

Deep Knowledge group истражување Коронавирус листа Македонија Форбс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.