Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупција: ИВЗ пет години без извештај за работењето до Централен регистар

0
By Нова ТВ on June 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2020 15:59

Исламската верска заедница (ИВЗ) последните пет години не доставила основен извештај и годишна сметка до Централниот регистар. Поради непреземање на мерки од страна на Централниот регистар, Антикорупциската комисија ќе поведе иницијатива до Владата за утврдување на одговорност на директорот и на службени лица од таа институција. Од УЈП ќе биде побарано да достави записник за извршената финансиска контрола за работењето на ИВЗ за период од 1 јануари во 2014 до 31 декември во 2018 година. Антикорупциска ќе го почека записникот за да одлучи какви мерки ќе преземе, а за ова ќе ја извести и Владата, информира антикорупционерот Нури Бајрами.

„Од Министерството за финансии добивме информација дека ИВЗ, по основ на враќање на имот, добила обврзници во висина од 9,1 милиони евра, како компензација за имот што не може да се врати, или поконкретно се работи за над 48.000 квадратни метри земјиште и 210 квадрати станбен простор“, вели Бајрами.

Тој информира дека за злоупотребата на финансиското работење на ИВЗ е доставена пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал, а до Антикорупциска била доставена копија од пријавата и биле приложени 116 докази. Поради постапката во обвинителството, Бајрами рече дека не може да ги презентира тие докази.

„Обвинителството треба да одлучи дали врз основа на пријавата ќе биде поднесен обвинителен акт. Кога ќе одлучи ЈО, јавноста ќе биде известена“, вели Бајрами.

Од Антикорупциската комисија ќе побараат проверка на регулативата, односно на Законот за црква, верски заедници и религиозни групи, Законот за здруженија и Законот за сметководство на непрофитните организации, бидејќи не се сите под ист назив, а некој може да создаде конфузија меѓу непрофитни, здруженија на граѓани и здружени граѓани, појасни членот на ДКСК, Бајрами.

Тој информира дека до ДКСК на 1 ноември во 2019 година била поднесена пријава за сомневање за незаконитости и злоупотреба на финансиски средства од страна на раководители и верски службеници на ИВЗ. Од ИВЗ реагирале дека нејзините пари не се од државниот буџет, па затоа ДКСК нема право да се меша во нејзината автономија. Но, Бајрами појасни дека службените лица од сите институции, одговараат пред нив. Тоа што тие не иницирале постапки за недоставување на извештај, што веднаш спаѓа под надлежност на ДКСК, бидејќи не преземале дејствија

Тој му порача на доскорешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи дека „никој не е над законот, па ниту ИВЗ“.

ДКСК ИВЗ Извештај работа централен регистар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.