Министерот за здравство, Венко Филипче апелира до граѓаните за почитување на трите основни мерки за заштита од Ковид-19 (носеше заштитна маска, одржување на физичка дистанца и одржување на хигиена) оти медицинскиот персонал е под притисок, под стрес и заморен од неколкумесечната борба со коронавирусот.
Болницните се, како што рече, под наплив на пациенти, особено ова се однесува на ГОБ „8 септември“ каде, според денешниот извештај на МЗ, се вкупно хоспитализирани 109 лица од кои 20 во последните 24 часа.
„Здравствените работници се изморени. Изложени се под притисок, работат во долги смени и дома не се прибрани со цел да спасат нечиј живот. Болниците се под наплив на пациенти и тоа мора да се издржи за што се мобилизираат сите ресурси. Затоа апелирам до граѓаните да ги почитиваат трите основни мерки за заштита од коронавирусот, а тоа се носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и миење раце. Ве молам почитувајте ги препораките за да може да здивнат здравствените работници“, истакна, меѓудругото, Филипче на денешната прес-конференција.