НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите ветија фер и демократски избори, фокусот ќе го стават на здравјето на граѓаните

0
By Нова ТВ on June 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во среда, на 24 јуни, почнува изборната кампања за парламентарните избори што се закажани на 15 јули. Партиите ветија фер и демократски процес и најавуваат дека ќе се фокусираат на безбедна кампања по здравјето на граѓаните. Владеачката СДСМ излезе со став дека нема да организира големи настани и митинзи, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, најавува кампања комплетно поинаква од оние што биле организирани досега. Позитивна, фер и демократска кампања, најавија и од ДУИ.

СДСМ нема да одржува митинизи и ги откажува сите поголеми собири. Генералниот секретар Љупчо Николовски вели дека мора да биде заштитено здравјето на граѓаните и на сите оние кои се дел од изборниот процес. Тој посочи дека ќе ги користат сите нови можности и модерни алатки на располагање, како социјалните медиуми, традиционалните медиуми, билборди, друг тип на онлајн кампања и внимателно следејќи ја здавствената криза ќе ги димензионираат активностите на нивните кандидати кои ќе треба да се претстават пред граѓаните.

Во однос на кампањата, вчера со изјава излезе и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој рече дека кампањата што тие ќе ја водат дефинитивно ќе биде поинаква од она што го имале во минатото.

„Прв приоритет е да се погрижиме здравјето на граѓаните да остане како што беше и сите ние да се чувствуваме заштитени и безбедни. Нормално дека ќе има дел преку социјалните медиуми, телевизии и сите останати пишани медиуми. Факт е дека ќе има и теренски активности, во кој обем и во каков вид ќе бидат ќе видиме, но големи митинзи нема да се случуваат во обем како досега“, истакна Јанушев.

Во услови на пандемија, од ДУИ велат дека ќе се обидат да ги заштитат сите граѓани во земјава и во текот на кампањата и во текот на изборниот процес.

Претставници на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори вчера во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Апелите од ДИК и од претставниците на учесниците на изборите се, исто така, насочени кон почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Претставници на помалите партии побараа партиите да ги вратат парите за изборите и да им се дозволи зголемување на минутажата за нивно претставување во медиумите.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски по вчерашното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори истакна дека претстојните избори ќе се одвиваат во исклучително сложена ситуација, пред сè поради пандемија од Ковид-19. Најави дека во наредните денови ќе бидат изготвени здравствените протоколи врз основа на кои ДИК ќе направи упатства за гласање.

Тој се надева дека сите учесници ќе преземат обврска да ги почитуваат протоколите за заштита на здравјето, а до граѓаните апелира да веруваат во институциите дека овој процес ќе се организира на најдобро можен безбеден начин за остварување на нивното право на глас.

За денот на изборите, Дерковски уверува дека гласачки места ќе бидат со доволна квадратура за да може безбедно да се гласа, со прозорци што може да бидат цел ден отворени за проветрување на просторијата и да се обезбеди дистанца внатре меѓу учесниците во избирачкиот одбор, на набљудувачите на процесот и да се обезбеди ред. Просториите секаде ќе бидат на приземје, ќе се користат сите спортски сали и ходниците во училиштата. Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера го доставило Избирачкиот список што сега поминува во втора фаза на обработка.

ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМН, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на изборите, своите програми ќе можат да ги претставуваат до 12 јули во 24 часот кога, според ревидираниот роковник на ДИК, завршува изборната кампања. Гласањето на парламентарните избори ќе се одвива во три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и, наместо до 19 часот како досега, ќе трае до 21 часот.

На 13 јули ќе гласаат лицата кои се наоѓаат во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

На 14 јули ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.

На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.

Дик избори Кодекс Коронавирус партии Протоколи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.