НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП со Резолуција против расизмот како одговор на протестите по убиството на Флојд

0
By Нова ТВ on June 20, 2020 СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот парламент (ЕП) усвои резолуција „Животите на црнците се важни“ како одговор на протестите за расна правда што се проширија низ цела Европа по убиството во САД на Афромериканецот Џорџ Флојд, јави „Еуроњуз“.

За резолуцијата гласаа 493 европратеници, 104 беа против и 67 воздржани, а во неа се прокламира дека трговијата со робови е „злосторство против човештвото“. Во текстот на резолуцијата остро се осудува „грозоморната смрт на Џорџ Флојд во САД, како и слични убиства на други места во светот“.

ЕП изразува поддршка за неодамнешните демонстрации против расизмот и дискриминацијата и го осудува „белиот расизам во сите негови форми“. Европратениците ги осудуваат полициските акции против „мирољубиви афроамерикански демонстранти и новинари“ и „запаливата реторика“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Резолуцијата нагласува дека расистичкиот и ксенофобичниот говор не е прашање на слобода на изразување.

„Прекумерна употреба на сила против луѓето е спротивна на принципите на пропорционалност“, оценија европратениците.

Резолуцијата, исто така, потенцира дека расистичкиот и ксенофобичниот говор не е прашање на слобода на изразување. За време на пленарната расправа, германската европратеничка Пиерет Хербергер-Фофана рече дека била жртва на полициско насилство претходниот ден во Брисел, кога снимала говор за кој сметала дека е насилен, верзија што беше демантирана од белгиската полиција. Таа добиваше постојани овации за време на својот говор и им порача на европратениците дека е допрена од гестот. 

ЕП протести расизам резолуција убиство Џорџ Флојд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.