НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски промовира алатка за пријавување притисоци во предизборниот период

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во јавниот сектор од денеска ќе може да пријавуваат притисоци во предизборен период на алатка која е поставена на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Ресорниот министер Дамјан Манчевски апелира до вработените во јавниот сектор да ја користат алатката и да пријават евентуален притисок.

Целта, потенцираше Манчевски, е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори. Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели и своите лични податоци тие ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на личните податоци и за тоа веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.

„Цврсто стоиме на заложбата дека притисоци, уцена и злоупотреба во јавниот сектор нема и нема да има и за време на оваа кампања како и за кампањите за сите изборни процеси во изминатите три години. Вработените во јавниот сектор ќе можат на лесен и едноставен начин да пријават доколку некој им врши притисок во контекс на изборниот процес“, рече министерот Манчевски на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека промоцијата на алатката е на меѓународниот ден на јавниот сектор.

Како што рече Манчевски, МИОА се обврзува дека сите пристигнати пријави ќе ги проследи до надлежните органи за понатамошно постапување. За тоа веќе организирале и координативни состаноци со Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Народниот правобранител, Агенцијата за администрација, Државниот трудов инспекторат, Агенцијата за вработување, како и сите други надлежни институции коишто можат да бидат доведени во овој контекст.

„На претходните изборни процеси и референдумот преку ваквата алатка имало најмногу 10 пријави, повеќе од половина од нив биле несоодветни, а сите што требало биле препратени во соодветната институција“, рече Манчевски.

Тој потсети дека со механизмите што ги презема МИОА за целосна професионализација на јавниот сектор е изготвениот закон за високата раководна служба, којшто не е во сила поради моментно нефункционалното Собрание. Законот, појасни, предвидува транспарентен  и професионален избор, високи стандарди и критеируми за раководните позиции и претставува прв голем исчекор во деполитизација на јавниот сектор.

„Дополнително ја менуваме и културата на работење и по долго време јавниот сектор, конечно, работи согласно описот на своите работни задачи без притисоци и без да биде служба на некој друг, односно заробената држава е веќе минато“, рече Манчевски.

Алатка Дамјан Манчевски јавен сектор МИОА Предизборен период пријавување притисоци Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.