Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Проектите на инфраструктурата во Арачиново се реализираат во континуитет

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2020 13:42

Инфраструктурните проекти во Арачиново во последните три години се реализираат во континутитет. Тука сме да се увериме дека градежните работи на канализациската мрежа се изведуваат според предвидениот план и утврдените рокови, истакна премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со министерот Горан Сугарески денеска беше во работна посета на општината.

Спасовски информира дека работите на терен почнале интензивно кон крајот на јануари оваа година и веќе се завршени околу 55 отсто од канализациската мрежа, проект вреден 106 милиони денари. Паралелно работат две екипи на различни локации. Премиерот притоа изрази уверување дека со ова темпо, изградбата на примарната канализација за населеното место Арачиново во должина од над десет километри ќе заврши пред предвидениот рок, определен за март 2021 година.

„Кога пред три години се случија политички промени и кога некои се закануваа и предвидуваа федерализација и кантонизација, ние ветивме дека овде во Арачиново ќе изградиме канализација. Го ветивме тоа затоа што е недозволено населено место на десет километри од главниот град да нема канализациска мрежа во 21 век“, рече Спасовски и додаде дека во оваа општината најмалку се вложувало во време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Спасовски потсети дека во Арачиново пред некое време завршија работите на новата современа општинска зграда и останува да се доуреди просторотот околу објектот и опремување на внатрешноста со канцелариска и со друга опрема. Се реновирало и старото училиште, а во новото е вграден модерен и енергетски ефикасен систем за греење.

Преку Бирото за регионален развој и Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој се изгради локалниот пат кон село Грушино, а се почнува со изградба на шеталиште и велосипедска патека со хортикултурно уредување во Арачиново. Спасовски информира дека се завршени и дел од работите на некои бунари, а дел од работите на останатите се одвиваат со што ќе заврши и проектот за автономното и непречено снабдување на резервоарите со вода за пиење во Арачиново.

Премиерот најави дека во Општина Арачиново ќе почне и изградба на прва градинка, која ќе биде најголема по површина и капацитет за згрижување на деца. Владата, потенцира Спасовски, и натаму ќе ја поддржува Општината и градоначалничката и додаде оти преку проектот за асфалтирање на локални патишта, Општина Арачиново има преку 600.000 евра од државата кои ќе бидат за реализација на инфраструктурни проекти.

Арфачиново инфраструктура Оливер Спасовски посета проекти увид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.