Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стапува на сила новиот Закон за ЈО: Јовески уверува за завршница на предметите на СЈО

0
By Нова ТВ on June 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 30, 2020 11:13

Стапува на сила новиот Закон за јавно обвинителство. Примената на неговите одредби, според државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, се добра основа за современо Јавно Обвинителство (ЈО) како надлежен орган во иднина за гонење на сторени кривични дела. Во интервју за opserver.mk, тој уверува дека институцијата е подготвена за имплементација на новите одредби, за преземање на предметите од поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) и дека сторителите на кривични дела ќе добијат заслужена казна. Но, и дека Обвинителството овојпат нема да ја повтори грешката од минатото во кое, поради непостапување, се формира СЈО.

„Уверувам дека предметите ќе добијат завршница, нагласува државниот јавен обвинител, Јовески кој нагласи дека здравствената криза ги „закочила“ сите области во општеството, ситуација на која не биле имуни ниту правосудните органи.

Новото законско решение ја воспоставува кариерата на јавните обвинители што значи дека во повисоките јавни обвинителства ќе може да се дојде само со претходно искуство во пониските јавни обвинителства. Новиот Закон, исто така, го задржува принципот на подреденост на обвинителствата, ја нагласува самостојноста на јавниот обвинител во постапувањето по конкретните предмети, но ја изострува и неговата одговорност со оглед на тоа што се предвидени подруги основи за одговорност на јавниот обвинител. Значаен сегмент, меѓудругото, е финансиската самостојност, со оглед на тоа што се предвидува одвојување на најмалку 0,4 отсто од Буџетот за потребите на ЈО.

„Во однос на организациската поставеност, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, според одредбите на новото законско решение, има финансиска самостојност, но и самостојност во делот на постапување по предметите. Значајна придобивка е тоа што и јавниот обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство ќе биде избиран на непосредни избори од јавните обвинители што е гаранција дека се отстрануваат секакви надворешни влијанија. Воедно ова ќе значи и ефикасност и непристрасност во гонењето на сторителите на тешките кривични дела и корупцијата“, истакна Јовески.

Носењето на новиот Закон за јавно обвинителство траеше речиси 18 месеци за, конечно, во февруари оваа година биде изгласан во Собранието на што претходеа партиски препукувања. Опозицијата обвинуваше дека со Законот се задоволат нечии дневно-политички потреби и дека со него се прави обид да амнестија на функционери на актуелната власт. Власта, пак, за предложеното законско решение велеше дека е подлога за силна, професионална, одговорна и непристрасна институција, за сериозно прочистување и поголема транспарентност во судството.

„Само со професионалци и компетентни луѓе кои се ослободени од влијанија, Јавното Обвинителство ќе покаже во јавноста дека има кадар кој е подготвен за борба со криминалот. Имаме потреба од силно јавно обвинителство за сите нас, за државата. Владеење на правото е темел на секоја демократија и еднаквост на граѓаните“, порачува Јовески.

Со Законот за ЈО кој денеска стапува на сила, но и со другите закони што се усогласија со препораките на Венецијанската комисија, меѓудругото се нуди и можност за целосна проверка од соодветни институции на имотот и неговото потекло на сите судии и обвинители.
закон Јавно обвинителство Љубомир Јовески Одредби предмети СЈО Стапување на сила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.