Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до Мицкоски: Нема да го спасите Камчев од „Империја“ колку и да сте му должни

0
By Нова ТВ on June 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 30, 2020 20:51

„Споменувајќи го случајот „Рекет“, споменувајќи го случајот „Поткуп“, сето тоа што го знаеме во тој период за да се блокира законот за Јавно Обвинителство, беше поради случајот „Империја“. За пусти пари и сега веќе согледавме дека се работи за добро осмислен поткуп, организиран и поддржан од господинот Мицкоски да се спроведе преку Орце Камчев, Зоран Кическиот, Катица Јанева, Боки-13. Се работело само за пусти пари, за финансирање на кампањата, за парите за партијата и слично. Затоа не може Мицкоски да држи предавање за правда и право. Тие ги поставија судиите во нивно време и сето било за пари. Какво право, каква држава. Единствените идеали на ВМРО-ДПМНЕ им остануваат парите, власта, моќта, ниту до народот им е, ниту до татковината“, рече Зоран Заев во телевизискиот дуел со Христијан Мицкоски на телевизија 24.

„Не можете да го спасите Орце Камчев од случајот „Империја“, колку и пари да сте земале, колку и да сте должни. Тоа треба да го знаете. Секој ќе одговара во оваа држава, како сака нека се вика. Со ваш глас комплетно сте благодарен што ви дава пари, дека ви ја финансира кампањата, дека ви простил пари. Тоа го има во извештаите од претседателските избори. Како тоа повеќе од 400.000 евра се директно влезени во ВМРО- ДПМНЕ“, нагласи Заев и го праша дали и маичките за оваа кампања повторно се платени од Орце Камчев или, како што додаде, парите се можеби од Никола Груевски.

За парите за ВМРО-ДПМНЕ од Орце Камчев и од Сашо Мијалков, Заев рече дека се нелегални и никаде не се пријавени,

„Христијан Мицкоски тврдеше дека ако на некој начин бил инволвиран во случајот „Рекет“ не морало да му се поднесува кривична пријава, туку сам ќе се пријавел во Шутка. Еве сега имаме докази дека се познавал со Кичеец, а тврдеше во јавноста дека не се познавале. Исто така Мицкоски тврдеше дека не земал пари, ама еве сега земал пари и од Камчев и од Мијалков. Значи лага до лага. Сега ми е се појасно, Мицкоски имал тесна соработка и со Кичеец и со Камчев, и со Мијалков“, истакна Заев во ТВ дуелот.
Заев ги покажа ревизорските извештаи во кои никаде не се наведени имињата на Камчев и на Мијалков дека дале пари во партијата, со што, како што потенцира, се потврдило дека нивните пари се нелегални, а ВМРО ДПМНЕ, иако има обврска, никаде не ги пријавила.
„Еве, ова во раката ми се финансиските извештаи на партиите. Никаде ги нема парите за кои Мицкоски самиот си потврдува дека ги зел. Зел и од Камчев, зел и од Мијалков, значи тие се тајните финансиери на партијата, но со какви пари? – Парите никаде не се пријавени. И сега демагогии за правна држава ќе продавате? – Каква правда, какво право, вие знаете само за власт, моќ и пари“, му рече Заев на Мицкоски.
Претседателот на СДСМ истакна дека „трети луѓе може да кажат за Заев што сакаат“, но на Мицкоски му порача „твојот глас го слушаме, ти зборуваш за заштита на криминалците, комплето се бориш за предметите да не дојдат до заршница. Спомена и за закани до пратениците да не гласаат за Законот за Јавно Обвинителство, за да не дојде двотретинско мнозинство, што беше услов од Европската Унија за враќање на правната држава.
Зоран Заев Избори 2020 ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.