Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн се дестинациите кон кои веќе полетаа и ќе полетаат првите авиони од Меѓународниот аеродром во Скопје. Првиот што, пак, пристигна беше на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул со 104 патници и членови на екипажот. Беше пречекан со т.н. воден мост во форма на виножито, авијациски поздрав за добредојде. По него долета и авион на компанијата „Пегасус Ерлајнс“, исто така, од Истанбул со 125 патници. Од скопскиот аеродром и информација дека во првиот ден од реотворање се очекуваат 28 лета со околу 1.700 патници.
https://www.facebook.com/SkopjeAirport/posts/3352926301386141
Двата патнички аеродрома во земјава во Скопје и во Охрид од денеска се повторно во функција по повеќе од тримесечна пауза поради епидемијата на Ковид-19. Дезинфекција на раце при влез во аеродромската зграда, носење на заштитна маска и одржување на физичка дистанца меѓу патниците е забележлива од фотографиите кои претпладнево може да се забележат на социјалните мрежи.