Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Друштво на филмски работници: Манчевски врши атак на домашната кинематографија

0
By Нова ТВ on July 3, 2020 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 3, 2020 18:46

Ургентното префрлување на рата за проекти и директна финансиска помош за независните филмски работници беше интервентно со цел да се помогне и одржи кревката македонска кинематографија во услови на светската пандемија на Ковид-19. Ова е заклучок од последното собрание на Друштво на филмските работници на Македонија (ДФРМ) за мерките донесени од Агенцијата за филм кои беа едногласно поздравени, имајќи во предвид дека работата на филм во изминатите шест месеци во државата беше во целосен застој.

„Собранието со индигнација ги отфрла и осудува неодамнешните написи во одредени медиуми, како и обвиненијата на поединци во врска со споменатите мерки. Политичките притисоци на тие поединци, каде се издвојува името на нашиот режисер Милчо Манчевски, претставуваат атак на домашната кинематографија, со единствена цел да се остварат лични интереси во време на предизборни активности на политичките партии. Ваквото однесување нè враќа кон времињата на едноумие и нетранспарентност. На тој начин се оставаше малку простор за афирмаија и работа на голем дел од филмската фела, посебно кај младите професионалци. Сметаме дека овој начин на функционирање треба да го оставиме зад нас, посебно во периодот кога македонската кинематографија има свој драматичен подем. Македонските филмови се дел од најпрестижните филмски фестивали и ја освојуваат светската публика преку филмските фестивали како „Санденс“, во Берлин, во Кан, па сè до огромниот успех на годинашната церемонија на американската Академија, каде нашата земја се закити со две номинации за Оскар“, се вели во реакцијата на ДФРМ.

Друштво на филмските работници на Македонија апелира до политичките партии и одредени медиуми, да не подлегнуваат на притисоци и манипулативни конструкции што ги лиферуваат поединци за сопствен бенефит.

„Сметаме дека треба јасно и недвосмислено да се искаже ставот дека македонската филмска фела е недозволиво да биде заложник на таквите интереси и со тоа да назадува националната кинематографија. Посакуваме заедно, посветено и транспарентно, да ги почитуваме пропишаните критериуми кои мора да важат за сите подеднакво и да продолжиме со афирмацијата на нашиот филм и култура во светот“, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

ДФРМ кинематографија Македонија Милчо Манчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.