Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силјановска: Мора да почнеме од право и правда, а тоа од нас го бара и ЕУ

0
By Нова ТВ on July 6, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: vmro-dpmne.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 6, 2020 21:08

Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната Единица 1 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска посочи дека правото и правдата се клучни елементи и затоа мора да се почне со нив и да се стави акцентот во оваа област. Говорејќи за актуелната политичка ситуација, Силјановска рече дека е крајно време со политика да се занимаваат луѓе кои се реализирани, кои не се корумпирани, кои не се криминализирани.

„Првото нешто што ни го бара Европската унија е владеење на правото, затоа мора се да почне оттука. Тоа е клучно. Се ќе биде поинаку ако во Собранието седнат луѓе со знаење, ќе можеме со аргументи да правиме консензус за политики“, кажа Силјановска.

Професорката се осврна и за тоа кога еден јазик станува официјален во ЕУ.

„Тоа е редовна процедура. Во ЕУ постои рамка за употреба на јазиците, што значи тоа – кога ќе завршат преговорите се пристапува кон склучување на договор. Тоа е прво ниво, второ ниво е регулатива број 1 од 1958 година и на таа регулатива се поднесува амандман за јазикот на државата која влегува во ЕУ. И со овој последен чекор или со амандман јазикот на државата која станува полноправна членка во ЕУ станува и официјален јазик во ЕУ“, рече Силјановска, која укажа дека мултилингвализмот е главно во Европскиот парламент, а оти другите институции на ЕУ секоја има различно утврдени официјални јазици.

Силјановска говорејќи за Договорите со Грција и Бугарија рече дека добрососедство може да има кога има взаемна почит.

„Добрососедство може да има по прошка, а прошка може да има по извинување. Почит и разбирање не може да има без извинување. И самата ЕУ треба да тргне од суштината на добрососедството. Мислам дека ЕУ мора да се фокусира на суштината на филозофијата на своето постоење, бидејќи за да биде Унијата заедница мора да е втемелена на вредности. Во барање на решенијата треба да тргнеме од суштината, значи не може да зборуваме за добрососедство ако нема взаемно почитување“, рече професорката Силјановска во изјавата која ја даде денеска пред споменикот на децата бегалци во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ЕУ Избори 2020 правда право
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.