НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесено обвинение против екс претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик е поднесено против поранешниот претседател на Врховниот Суд, Јово Вангеловски кој беше сменет во септември лани, а официјално разрешен во март оваа година. Како причина тогаш беше наведено несовесно извршување на функција, т.е. укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан во 2017 година по што се даде во бегство.

Од скопското Обвинителството информираат дека кон крајот на 2018 година тој донел поединечни решенија за додаток на плата за месец ноември за сите судии на Врховниот суд, освен за една судијка со што и го скратил правото на 31.189 денари, иако не користела отсуство од работа во наведениот период.

Додатокот е во износ од 35 отсто на основната плата што според Закон им следува на судиите при посебни услови за работа, доверливост и при постоење на висок ризик.

Против Вангеловски во меѓувреме има и предистрага од Обвинителството за предметите што неговиот наследник на функцијата ги пронашол во фиока за што Нова пишуваше во јануари оваа година. Сомнежите се дека намерно не се постапувало по нив, па некои застареле, а некои треба одново ќе се реферираат. Од тогаш минаа пола година, но сè уште нема епилог по тоа.

Врховен суд Јово Вангеловски обвинение обвинителство претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.