НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ приговара, Филипче одговара: Со службено возило само за обврски на МЗ

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту пред, ниту по Штип не сум користел службено возило за никакви други цели освен за работните обврски во Министерството, изјави првиот човек на здравство, Венко Филипче, како одговор на приговорот на ВМРО-ДПМНЕ до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за наводна злоупотреба на службено возило на Министерството за здравство за партиски цели.

Во реакцијата, министерот Филипче појаснува дека на 28 јуни бил во посета на болницата во Штип која од почетокот на корона-кризата функционира како регионален Ковид центар, а притоа посетил и градинка во градот. На настанот, како што потенцира, патувал со возило што на почетокот на кризата било доделено на Министерството за здравство од Агенцијата за разузнавање со договор за користење и не е службено на Министерството.

„По завршување на дневните обврски, пред заминување за Скопје, во својство на претседател на здравствената комисија на СДСМ бев на настан на кој ја презентирав здравствената програма на коалицијата „Можеме“. Бев уверен дека постапувам согласно законот, дека нема апсолутно никакви прекршувања и доколку се утврди спротивното се извинувам за ненамерниот превид. Образложението за ова ќе го доставам и до претседателот на Владата, Оливер Спасовски“, вели Филипче.

Тој посочува дека сите посети на јавно здравствените установи низ земјата во овој период се во насока на согледување на состојбите во установите, начините на кои тие се справуваат со корона-кризата, предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници и можностите за унапредување на целокупниот здравствен систем во справување со ковид-19.

Венко Филипче ВМРО-ДПМНЕ ДКСК приговор реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.