Светската Здравствена Организација (СЗО) наскоро ќе испрати експертска мисија во Кина со цел да се утврди потеклото на коронавирусот, изјави денеска Тедрос Адханом Гебрејесус на брифинг во Женева.
Организацијата, според него, во моментот ги одредува параметрите на мисијата, пренесоа британските медиуми.
„Целта на мисијата е да се подобри разбирањето за животинскиот домаќин на Ковид-19 и да се утврди како болеста се прошири од животните на луѓето“, истакна Гебрејесус.