Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара, од прв до последен

0
By Нова ТВ on July 9, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 9, 2020 21:43

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизборен собир во скопската општина Чаир рече дека граѓаните на Република Македонија секогаш се наоѓаат на дното на приоритетите на Зоран Заев и на оваа влада предводена од СДСМ затоа што нему, како што рече,  поважни му се „лични агенди кои е одлучен да ги турка на сметка на честа и достоинството на граѓаните без разлика на етничките и верските различности“.

Наброи четири чекори кои, според него, се матрица на владеењето на СДСМ – лаги, национално понижување, криминал и, како што рече, „масовна пљачка“ и заробено обвинителство и судство.

„Обвинителството е заробено за да се пресметаат со политичките неистомисленици, со противниците. А, судството за да можат да се амнестираат за некоја неправда направена од минатото“, рече Мицкоски, кој на собирот во Чаир беше заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во втората Изборна Единица, Владо Мисајловски.

Мицкоски нагласи дека СДСМ не се грижи како живеат македонските граѓани, затоа што поважни им се личните интереси и дека со лаги ги придобива симпатиите на гласачите за да управуваат со владата иако, како што рече, „за волја на вистината веќе 18 години СДСМ нема победено на парламентарни избори“.

„Јас ви ветувам дека во првите 100 дена секој оној кој што се огрешил пред законот и се осрамотил пред граѓаните, без разлика дали е политички определен или неопределен на онаа или оваа политичка партија, ќе одговара. Од прв до последен. Доста беа неправди, овој народ е уморен од криминалци, од натрапници во политиката“, рече Мицкоски и порача дека на 15 јули ќе победи обновата и ќе дојдат, како што рече, најдобрите четири години за Република Македонија.

Носителот на листата во ИЕ2, Владо Мисајловски им се заблагодари на членовите на ВМРО-ДПМНЕ – Општински комитет Чаир за досегашната поддршка и за сиот ангажман во годините наназад, заклучувајќи дека теренските активности во Чаир укажуваат дека Македонците таму „се чувствуваат како граѓани од втор ред“, а тоа, рече, „не смее да биде така“.

„Тоа е појава која се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не е власт. Затоа по 15 јули, оваа слика ќе мора да се промени. Граѓаните на Чаир долги години се изолирани во работата на општината и за нив административните работи не одат како за сите други жители. Документите за легализација на имотите се расфрлаат по општински канцеларии и работите не се завршуваат, само поради тоа што Македонците во Чаир не гласаат за ДУИ или за некоја друга партија. На сето тоа мора да дојде крај“, истакна Мисајловски.

Се уверил, рече, во фактот дека Македонците сè повеќе се иселуваат од Чаир и зградите се празни и порача дека „колку и да се, овој пат ќе победат во Чаир и ќе се изборат за свои права, а не да бидат граѓани од втор ред во сопствена држава“. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи посветено за Чаир и за граѓаните на Чаир и таа општина, рече, ќе биде урбана во која секој граѓанин ќе се чувствува „слободен и свој на своето“.

Владо Мисајловски ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Христијан Мицкоски Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.