НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага за потеклото на вирусот: Експерти на СЗО во Кина

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: statnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајца стручњаци од Светската здравствена организација (СЗО) ќе претстојуваат во Пекинг за да постават темели на поголемо истражување за потеклото на коронавирусот Сарс-Ков-2, кој предизвика пандемија.

„Станува збор за дводневна мисија на еден здравствен експерт за животни и на еден епидемиолог. Тие за време на посетата на кинеската престолнина, утре и задутре, ќе работат на утврдување на „обемот и задачите“ за идната мисија чија цел е да се дознае како се пренесува вирусот од животни на луѓе“, соопшти денеска Светската здравствена оргранизација.

Научниците веруваат дека вирусот можеби се создал во лилјаци и потоа е пренесен преку друг цицач, пред да биде пренесен на луѓе на пазарот за свежа храна во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година. Во настојување да спречи можна идна пандемија, Кина ја запре трговијата на дивеч и затвори некои од пазарите, додека спроведуваше строги мерки за сузбивање на вирусот кои ги спречи појавата на локални инфекции.

Мисијата на СЗО е политички чувствителна, а нејзиниот главен финансиер САД ја критикуваше дека погрешно постапила на почетокот на избивањето на епидемијата и оти е пристрасна кон Кина. На Собранието на СЗО над 120 држави побараа истрага за потеклото на вирусот, а Кина инсистираше истрагата да се води откога ќе се стави пандемијата под контрола.

Последната мисија за коронавирусот на СЗО беше во февруари кога лидерот на тимот ги пофали напорите на Кина во сузбивање на вирусот и за разменување на информации.

експерти Кина Коронавирус Мисија Потекло СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.