НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Досега два приговора за неважечките ливчиња и барање за увид во нив

0
By Нова ТВ on July 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само два приговора и едно барање за увид во неважечките ливчиња се пристигнати до попладнево до архивата на Државната Изборна Комисија (ДИК) по десеттите парламентарни избори во земјава.

Приговорите се поднесени од политичката партија „Демократи“ и се однесуваат за неважечките гласачки ливчиња, а пред објавувањето на неофицијалните конечни резултати, партијата „Единствена Македонија“ доставила барање за увид во неважечки ливчиња чиј број по тридното гласање изнесува 31.466.

Рокот за доставување на приговори за постапката за гласање изминува вечерва во 21 часот, а утревечер (сабота) во 19:30 часот ќе заврши и рокот за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори. ДИК вчера со задоцнување ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите поради, како што изјави претседателот Оливер Дерковски, хакерски напад на интернет страницата на Комисијата.

Предвремените парламентарни избори се одржаа под посебни услови поради пандемијата со Ковид-19. Се гласаше во понеделникот, ден што беше резервиран за заболените лица со Ковид-19 и во самоизолација, во вторникот кога гласаа болните, изнемоштените, хронично болните и затворениците додека централниот изборен ден беше во средата.

Победник на изборите е коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ со 46 освоени мандати, коалицијата „За обнова на Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ доби 44 пратеници, ДУИ – 15, коалицијата „Сега моќеме“ на Алијанса на Албанците и на Алтернатива -10, Левица – 2 и ДПА – 1.

Дел од партиите учесници на изборите се пожалија на нерегуларности и грешки во сумирањето на резултатите и најавија дека ќе поднесат приговори до ДИК и другите надлежни институции.

„Единствена Македонија“ барање Демократи Дик Избори 2020 неважечки ливчиња приговори увид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.