НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид ја троши најслабата туристичка сезона, каква-таква посета само за викенди

0
By Нова ТВ on July 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Охрид, календарски, ја троши веројатно најслабата туристичка сезона во последните неколку децении. Оваа 2020 година требаше да биде рекордна, кога станува збор за туризмот и тоа според повеќе параметри, од предвидените дополнителни авионски линии и нови чартер-летови до охридскиот Аеродром, се до значајните вложувања во подобрувањето на севкупната сместувачка и услужна понуда во изминатите неколку години.

Епидемијата на корона-вирусот резултира со откажувања на сите заклучени аранжмани во хотелите, исто како и кај приватните капацитети.

Сезоната што требаше да е во полн ек ја карактеризира мошне слаба посетеност. Градот ова време минатите години беше полн со гости, но сега ситуацијата е далеку од посакуваното. Најпогодени се угостителските објекти, кафулињата и рестораните. На најфреквентните места во градот и на крајбрежјето посетеноста на локалите е благо речено очајна, во секое време има празни места за седење во објектите во кои во изминатите години едвај се наоѓаше слободна маса. Според зборовите на угостителите, прометот што го остваруваат сега е една четвртина, па и помалку отколку во истиот период изминатите години.

Новите протоколи за работа на плажите и мерките за олеснување на работењето на угостителските објекти можеби ќе значат малку порелаксирана атмосфера, но генерална е оценката кај угостителите дека луѓето се одвикнаа да седат по кафулиња. Градот бележи каква таква посетеност само за викендите. И тогаш кога има гости од другите градови во Охрид, тие посетата ја користат за прошетки покрај Езерото, по Кејот, денот го минуваат на плажите, ретко седнуваат по кафеани и ресторани.

Шпицот на сезоната вообичаено е за викендот на празникот Илинден, кога посетеноста на Охрид бележи максимум. И оваа година ќе важи истото непишано правило. Забележана е зголемена заинтересираност за сместување кај приватните станоиздавачи, но за периодот по 20 јули, и некаде по илинденските празници, кога посетеноста постепено опаѓа. Секако тука треба да се исклучат сопствениците на станови и викендички во Охрид и на крајбрежјето затоа што нивните трошоци додека се тука главно отпаѓаат на набавка на прехранбени намирници од продавниците и пазарите, а многу помалку средства се издвојуваат за трошење по рестораните.

Во сегашните околности, временските прилики се можеби решавачкиот фактор што ќе ја детерминира посетеноста на Охридската ривиера оваа сезона. Освен за викендите и празниците, градот тешко ќе се наполни со гости без поголеми горештини што би ги натерале луѓето да излезат од градските средини и да побараат освежување покрај езеро или можеби на планина.

Сите позначајни забавни, културни и спортски манифестации се откажани, дел одложени за подобри времиња. Неизвесно е одржувањето и на оние културни и забавни содржини предвидени за идниот месец, оттаму што нивното одржување сè уште директно зависи од околностите што ги наметнува епидемијата со Ковид-19.

Можеби некои од мерките за поддршка на туристичкиот сектор како ваучерите за одмор ќе придонесат за ублажување на последиците од ситуацијата, но кога станува збор за Охрид позначајни очекувања кај охридските туристички субјекти нема затоа што тие средства се релативно мали за одмор во нашето најпознато туристичко место каде цените на услугите и сместувањето се вообичаено повисоки отколку во останатите туристички дестинации.

Засега странски гости во Охрид се единствено вработени во дипломатско-конзуларните претставништва или службеници на странски компании во земјата. Најголема група на туристи досега ова лето беа два автобуса со туристи од Србија, но и за нив сега Охрид е недостапен со оглед на воведните мерки за ограничување влез на српски државјани во земјава.

Што се однесува на протоколите за работа на плажите, тука нема што позначајно да се очекува оттаму што на уредените плажи сопствениците едвај чекаат гости, додека на останатите делови од крајбрежјето каде нема концесионери прашање е кој ќе води сметка дали посетителите се придржуваат кон мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Без дилема, ова ќе биде најтешката година за охридскиот и воопшто туризмот во земјата, најмногу поради тоа што нема гости. Сè поизвесно е дека ќе ги откажат договорените аранжмани и оние тур-оператори што најавуваа дека доколку се нормализира колку-толку ситуацијата повторно ќе летаат кон Охрид, дури и со намален број патници и помал број закупени капацитети од претходно договореното.

Самите хотелиери веќе не очекуваат оваа сезона да има странски гости што би дошле преку организирани патувања, додека за домашните исто со оценка дека ваучерите што ги додели државата како помош ќе бидат искористени за приватно сместување или во сместувачки капацитети од пониските категории. Потврда на тоа е и многу слабата заинтересираност на гости за сместувачките капацитети од повисока категорија, каде и цените се повисоки.

И Светската туристичка организација прогнозира дека оваа 2020 година ќе биде најслабата кога е во прашање туризмот, со пад на остварените добивки во секторот за некаде над 70 проценти. Светските дестинации успехот во туризмот оваа година ќе го мерат според тоа колку ќе биде помал минусот.

Гости Ковид-19 Охрид Сезона туризам угостители Хотелиери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.