НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зибери: Ахмети не ги затвора сите врати, но останува на позиција јас да бидам мандатар

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за прв премиер Албанец, Насер Зибери во име на партијата, истакна дека ниту една опција за формирање на парламентарно мнозинство не е исклучена, но нагласи оти лидерот Али Ахмети засега останува на позицијата тој да биде мандатар за состав на новата Влада.

„Ахмети не ги затвора сите врати, но засега останува на позицијата јас да бидам мандатар. Се разбира дека не се исклучуваат сите опции, впрочем продуктот на создавање на парламентарно мнозинство е резултат на преговори, меѓутоа неговите аргументи одат во насока јас да бидам мандатар, од причина што претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец, многу носители на јавни функции се Македонци. Ахмети смета дека треба да се урнат последните етнички бариери, а тоа ќе ги зајакне внатрешните капацитети и државата ќе докаже дека секоја функција е еднакво достапна за секој“,.изјави Зибери за Слободен печат.

За нас не е најважно дали ДУИ ќе биде дел од идната коалиција, за нас е важно дали ќе се валоризираат политичките определби за тоа што е наша аспирација, потенцира Зибери.

„Има еден џентлменски договор меѓу партиите Алијанса/Алтернатива, ДУИ и останатите дека оној што ќе добие макар еден глас повеќе, а не мандат, ќе се помири со фактот дека ги изгубил изборите и дека нема да чека на ред кој мандатар која партија ќе ја покани на преговори за составување на идната влада. На тој план политичките партии на Албанците имаат еден консензус. Дали ќе опстанат не можам да гарантирам, но, секако, се свесни за реперкусиите и политичката перспектива која може да им се случи доколку без легитимитет бидат носители на извршната власт, а ДУИ ја потиснат во опозиција“, објаснува Зибери.

Според него, можноста од преземање на пратеници од лево кон десно или од десно кон лево, би била најлошата услуга што може да ѝ се случи на државата.

„Треба да се испочитува волјата на граѓанинот и ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети имаат право да тргуваат. Заев и Мицкоски немаат право да бараат пратеник повеќе за формирање влада. Треба да се почитува и начелото победник со победник“, заклучи Зибери.

ДУИ Избори 2020 кандидат Насер Зибери Премиер Албанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.