НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се забрзува трката по вакцина против коронавирус

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 ВЕСТИ
Фото: thejakartapost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Листата на Светската здравствена организација (СЗО) постојано се зголемува и се дополнува со нови потенцијални вакцини против коронавирус. Во меѓувреме, научниците ширум светот истражуваат преку 160 можни вакцини, а 23 експериментални вакцини веќе се вбризгани на доброволци. Сепак, кој ќе ја добие трката и пред сè, колку брзо?

„Кој од кандидатите за пронаоѓање вакцина ќе се пробие, моментно е непредвидливо“, вели Клаус Иберла. Тој е виролог на Универзитетската клиника Ерланген и член на Постојаната комисија за вакцини (СТИКО), член на експертското тело кое работи на предлози за вакцини за Германија.

Три проекти во завршна фаза

Но, веќе најмалку три проекти, еден од Велика Британија и два од Кина ja започнаа третата фаза на студиите, пишува „Дојче Веле“.

„Тоа е веќе последен чекор на клиничко тестирање“, објаснува Улрике Протцер, професорка на Техничкиот универзитет Минхен, која истражува вакцини против различни вируси.

Но, овој чекор е најсложен и најскап и трае најдолго, обично две години, вели Протцер. Моментно се прават обиди процесот да се забрза, со паралелно вклучување на што поголем број пробанди.

Тимот од Оксфорд бележи големо напредување

Истражувачите од Оксфорд во соработка со фармацевтската компанија „АстраЗенека“ во мај и во јуни први во светот започнаа трета фаза на студијата. Во Велика Британија, во Јужна Африка и во Бразил треба да биде испитано на неколку илјади доброволци колкава е ефикасноста на имунизирачкото средство. Планирана е уште една дополнителна студија со околу 30.000 испитаници во САД и во други земји.

„Се надеваме дека наесен ќе имаме резултати од големите студии“, изјави за НДР портпаролка на „АстраЗенека“.

Кинеската компанија „Синовак“ започна големо испитување од трета фаза во Бразил, каде вирусот во последно време нагло се шири. За да се утврди дали вакцината на „Синовак“ штити од инфекција, би требало да биде испробана на луѓе кои се посебно загрозени: околу 9.000 вработени во 12 здравствени установи специјализирани за третман на пациенти заразени со коронавирус.

Третиот кандидат кој се наоѓа во последна фаза е кинеското државно претпријатие „Синофарм“. Во средината на јуни тоа започна студија во Обединетите Арапски Емирати каде треба да се вакцинираат 15.000 доброволци.

Индискиот Совет за истражување инсистира на забрзување

Во ударните вести неодамна стигна истражување за вакцина во Индија. Таму на почетокот на јули протече во јавноста писмо од директорот на Индискиот совет за медицински истражувања упатено до клиниките во кои требало да бидат вакцинирани доброволци во рамки на први студии. Директорот инсистира на итна акција. Предвидено е вакцината, по завршувањето на сите студии, најдоцна на 15 август да биде на пазарот, се наведува во писмото.

Научниците остро го критикуваат ова. Индиската Академија на науки напиша дека е невозможно спроведување на овој план без повреда на научните стандарди. ИЦМР во едно соопштение наведе дека постои придржување кон нормите и дека директорот само повикал на спречување на непотребна бирократија и забрзување на регрутирањето на лица за тестирање.

Две германски вакцини на клиничко тестирање

Во Германија моментно се тестираат две можни вакцини на првите испитаници. Фирмата „Кјуревак“ (Curevac) неодамна започна прва фаза на студијата. Планирано е вакцина да добијат 168 доброволци во Тибинген, Минхен, Хановер и белгискиот Гент, а наесен фирмата планира да започне со следната фаза на студијата.

Нешто подалеку е отидена фирмата „Бајонтех“ (Biontech) од Мајнц. Во април претпријатието доби одобрение од надлежните власти да тестира вакцина во Германија. Заедно со компанијата „Pfizer“ освен тоа е започнато истражување во САД, во кое е планирано учество на 8.000 лица. Во завршната фаза, вакцината треба да биде тестирана во студија со 30.000 доброволци. Тестирањето би можело да започне уште на крајот на јули во САД и во Европа, потврди Бајонтех за НДР.

„Научниците од Германскиот центар за истражување на инфекции (ДЗИФ) уште не се толку напреднати. Тие моментно планираат наесен да ги тестираат првите доброволци. За разлика од најбрзите проекти, тие заостануваат половина година“, вели Мерилин Адо, инфектолог на Универзитетската клиника Хамбург Епендорф. Таа работи заеднички со научниците од Универзитетот Марбург и Минхен на проектот на ДЗИФ.

Тешки прогнози

Но, многу е тешко вистински да се предвиди кога ќе биде одобрена првата вакцина и кога ќе биде можно да им биде на располагање на што е можно поголем број луѓе, вели Адо. Таа смета дека групата истражувачи во Оксфорд е далеку напредната, како и американската компанија „Модерна“, која најави започнување на третата, завршна студија во јули. И германските фирми „Кјуревак“ и „Бајонтех“ се, како што вели, во напредната фаза. Она што се случува во Кина и во Русија од друга страна е тешко да се предвиди. Некои проекти навистина не се транспарентни, истакнува Адо.

„Се надеваме дека до крајот на 2021 година ќе ги имаме првите вакцини“, вели професорката Протцер, но, уште се можни проблеми. Нејасно е на пример колку се делотворни средствата кои досега се тестирани во рана фаза, иако имунолошкиот систем на испитаниците реагира“, вели таа.

Процер предупредува дека е можно да се случи „да создаваме антитела или клетки кои воопшто не нè штитат, туку само ја слабеат болеста или воопшто не делуваат“.

Здруженијата на фармацевти очекуваат долготраен процес

Сепак, радува фактот што постои мноштво проекти, па така може да се очекува на крај дека би биле успешни повеќе супстанции од различни видови, смета Зигфрид Тром од Здружението на фармацевти. Тоа е важно и поради тоа што веројатно ќе ни требаат различни вакцини во зависност дали ќе се врши имунизирање на стари или млади лица, вели тој. Освен тоа, уште не се знае колку долго ќе трае ефектот на вакцината, дали се можеби потребни повеќекратни дози.

Во секој случај, ќе трае долго додека да можат сите да бидат вакцинирани, истакнува Тром. „Брза, широка опфатеност на населението и апсолутно враќање во нормална состојба како пред пандемијата најверојатно нема да бидат можни во наредните години“, вели тој.

вакцини истражувања Ковид-19 СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.