НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: На овие избори одигравме како во Прва лига

0
By Нова ТВ on July 23, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ќе коалицира со која било партија што ќе ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, изјави вечерва вицепремиерот за евроинетграции и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во интервју за телевизија Телма.

„Наш прв услов за коалицирање со која било партија е почитување на Охридскиот, на Преспанскиот и на договорот со Бугарија. За нас е многу важно да има јавно преземање на обврска за имплементација на договорите“, потенцира Османи, додавајќи дека во преговорите за идната влада „ќе седнат во демократски процес да ги понудат нивните аргументи“.

Тој се заложи за што поскоро формирање на нова влада која, како што рече, ќе биде тематска и ќе мора да биде посветена на спроведувањето на преговорите за членство со Европската Унија (ЕУ). Османи посочи дека по формирање на Владата, ќе биде составен и тимот за преговорите со ЕУ, кој, според него, треба да има поддрша од сите субјекти во општетсвото..

Османи во интервјуто истакна дека ДУИ била единствена политичка партија на овие избори која што имала само позитивна кампања и немала негативна реторика кон никого.

„Апсолутно кон никого, иако сите беа против нас, сите внатрешни, надворешни ангажирани и цела пропагандна машинерија на политичките партии. Ние бевме сами и не се спротивставивме и ако ја следевте добро кампањата, ниту реплициравме на сите тие напади и пропаганда врз нас, туку напротив имавме програма, имавме концепт, имавме добри кандидати и го промовиравме тој концепт и тие кандидати“, нагласи Османи.

Тој нагласи дека законските решенија што произлегуваат од Рамковниот договор се завршени со Законот за јазици и легислативниот дел е затворен.

„Меѓутоа, духот на Рамковниот договор ќе постои додека постои последниот Албанец во оваа држава“, нагласи Османи.

Според него, концептот „премиер Албанец“ не е етничко прашање, туку е прашање на постигнување на рамноправност.

„Етничко прашање би било доколку тој слоган немаше да содржи кандидат во самиот концепт, туку едноставно би се повикувале на етничката припадност. Меѓутоа, во услови кога државјанин на Република Северна Македонија предложен од партија излегува како кандидат за премиер, тоа мислам дека е богатство во секоја држава и во рамки е на сите демократски и законски принципи, затоа што ние сметаме дека направивме услуга на Албанците, бидејќи на овие избори игравме во Прва лига. Ние сме научени за позицијата премиер да се натпреваруваат само две македонски политички партии, ниту има трета опција во смисла на генерална трета опција, ниту, пак, албанска политичка партија може да претендира за такви позиции на ексклузивен монопол“, рече Османи.

Тој нагласи дека 105.000 Албанци го поддржале концептот за премиер Албанец, а над 80 отсто на анкета на јавното мислење, исто така, сметале дека е тоа добар концепт и концепт што носи рамноправност, додавајќи дека барањето за Албанец премиер не може да се смета како уцена.

Бујар Османи Договор од Преспа Договор со Бугарија ДУИ Избори 2020 Охридски договор Постизборна коалиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.